Стогодишен Американец ќе се кандидира за Конгресот - Канал 5

Стогодишен Американец ќе се кандидира за Конгресот

Стогодишен Американец од Флорида, Џо Њуман, кој се претставува како „активист и пра-пра дедо“, стана ѕвезда на американската политика откако одлучи да се кандидира на изборите за американскиот Конгрес во ноември.

Стогодишен Американец ќе се кандидира за Конгресот
Овој возрасен маж, кој изгледа барем 20 години помлад, на блогот на својата кампања објави дека првпат ќе се кандидира за да се слушне гласот на сите граѓани, а не само на професионалните политичари.

- Имам 101 година и не планирам долга политичка кариера, што би значело продавање на идеали и вредности за евентуален повторен избор, наведе на блогот и додаде дека се надева дека ќе ги инспирира другите.

Њуман, кој се претставува како човек на напредокот, син е на руски доселеник и ќе биде еден од противниците на републиканскиот кандидат Верн Букенон.

Борбата против сиромаштијата и заложба за здравјето за сиромашните се некои од неговите изборни цели, истакна Њуман на WWSB, локалната телевизиска станица.

На својот Твитер објави слоган во кој се поигрува со зборовите:

- Да се гласа за стар човек е да се гласа за нов (Newman).

Најстариот конгресмен во овој момент е претставник на Тексас, Ралф Хал, кој има 90 години. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју!

 Фудбалерот на Бока Јуниорс, аргентинскиот репрезенативец, Леандро Паредес, се онесвести додека даваше изјава по победата над Атлетико Минеиро (2:0) во финалето на Копа Судамерикана.

Видео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју!

Аргентинскиот репрезентативец разговараше со новинар од телевизијата „DSports“ кога одеднаш му се слоши, по што ја изгуби свеста и падна на земја.

Новинарот се обиде да го задржи, но не успеа, па присутните веднаш притрчаа да му помогнат на 32-годишниот играч за врска.

Паредес имаше потешкотии и за време на натпреварот поради високата температура и влажноста во Баранкиља, Колумбија, поради што во 58-мата минута побара да биде заменет.

Откако му беше укажана медицинска помош, капитенот на „Бока“ дојде при свест и замина во соблекувалната, а потоа, според аргентинските медиуми, беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

https://www.instagram.com/reel/DgCMIY8oLlc/?utm_source=ig_embed

Според првичните информации, причина за губењето на свеста би можел да биде пад на крвниот притисок предизвикан од исцрпеност и високи температури.

Инаку, со победата над бразилскиот претставник, „Бока“ го освои својот прв голем континентален трофеј по 18 години.

https://www.instagram.com/reel/DgBwjzDB4cS/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски меч за Виктор Вембањама во НБА

Ѕвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.

Историски меч за Виктор Вембањама во НБА

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали.

Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади.

Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока.

Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Јонг Ун поставил услови за средба со Трамп?!

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неговата неодамнешна турнеја низ Азија, сè до последниот момент инсистирала на организирање средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Ким Јонг Ун поставил услови за средба со Трамп?!

Сепак, тоа не се случи, изјави денес официјален претставник запознаен со преговорите.

Според официјални лица, двете земји ја разгледувале можноста за лична средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун, но Северна Кореја поставила услови што биле неприфатливи за САД, пренесува „Волстрит џурнал“.

Официјалниот претставник не наведе какви услови побарала Северна Кореја. Од друга страна, претставник на администрацијата на Трамп ги демантираше извештаите дека имало обиди за организирање средба со севернокорејскиот лидер.

Белата куќа, исто така, соопшти дека нема промена во нејзиниот постоечки став во однос на денуклеаризацијата на Северна Кореја. Кон средината на ноември, Трамп учествуваше на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, како и на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен, Кина, каде што одржа историска трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

Обидите на администрацијата на Трамп да организира самит меѓу Северна Кореја и САД продолжуваат уште од минатата година, при што Трамп се обидел да стапи во контакт со Ким Џонг Ун преку постоечките телефонски мрежи и комуникациски канали, но никој не одговорил.

Потоа, Трамп му напишал писмо на севернокорејскиот лидер, но тоа не му било соодветно врачено. Според официјални лица, претставници на Белата куќа испратиле курир пред мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации во Менхетен, Њујорк, за да му го предаде писмото директно на некој севернокорејски дипломат; сепак, дипломатот подоцна го оставил неотвореното писмо пред американскиот претставник во салата за состаноци на ОН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер