Сточарите се жалат за проблематичен откуп на јагнињата за велигденскиот шпиц - Канал 5

Сточарите се жалат за проблематичен откуп на јагнињата за велигденскиот шпиц

Сточарите се жалат дека годинава се многу ниски откупните цени за јегнето. 

Сточарите се жалат за проблематичен откуп на јагнињата за велигденскиот шпиц

Според досега понудените цени кои се движат до 210 до 230 денари за килограм жва мера велат дека се во целосна загуба и сметаат дека на ваков начин се претворени во робови кои без пари произведуваат месо.

Заради ниските цени кои се нудат бараат државата годинава да го укине условот за субвенциите да биде 50% од јагнињата да мора да се продадат на откупувачите, бидејќи тоа ги става во подредена положба.

Ако продолжи ваквиот тренд на ниски откупни цени се повеќе од сточарите најавуваат дека ќе почнат како во соседна Грција да оставаат само мал дел од јагнињата за заеман во стадото и овците наместо за јагне ќе ги чуваат за млеко.

Ова доаѓа од таму што едно јагне за 3 месеци време што му е потребно да направи 25 до 30 килограми од мајката ќе исцица 90 литра млеко кое долколку би се продало има пазарна вредност од близу 100 евра или колку што по овие цени е вредноста на едно такво јагне жива мера.

Ова значи дека сите други трошоци околу коцентрати за јагнето кои се околу 30 евра, смртноста од 20% и платите за овчарите кои се движати по 1200 евра месечно се само трошок и зијан за сточарите.

Тие бараат по завршувањето на откупот да се седна на заедничка маса и да се договори дали за во иднина се планира пораст на цените за да произведуваат јагне или да го намалат бројот на овци и да ги чуваат само за млеко и сирење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер