Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
1Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
2Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
МакедонијаСто триесет и пет години од првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик од Леонхард МазингНа денешен ден пред 135 години на Дерптскиот универзитет во Естонија (денес Тарту) е одбранета првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик од балто-германскиот лингвист Леонхард Готхилф Мазинг.Леонхард Готхилф Мазинг е роден на 21 ноември 1845 година во с. Мустјала, на островот Езел (денес Саарема) во Естонија како син на свештеник од протестантската црква. Се образувал во Лајпциг, Гетинген и Дорпат (Тарту). На 27 ноември 1890 година тој ја одбранил докторската теза за засебноста на македонскиот јазик со посебно внимание на рефлексите ќ/tj и џ/dj што претставувал најатрактивен „проблем“ во славистиката. Насловот на дисертацијата во оригинал гласи: „За јазичната определба на македонските Словени“ (Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj, 1890). Следната година Мазинг издава дополнителна студија за македонскиот акцент: „Фонетиката и акцентот на македонскословенските дијалекти. Прилог кон нивната критика“ (Zur Laut und Akzentlehre der macedoslawischen Dialekte. Ein Beitrag zur Kritik derselben, 1891). Леонхард Мазинг преку 45 години предавал на Дерптскиот универзитет на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје и одржувал курсеви по споредбено – историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, црковнословенски јазик, јужнословенска дијалектика, источноевропски јазици итн. Оттаму влегува и интересот за македонскиот јазик и неговата посебност. Со докторската теза за македонскиот јазик како и останатите свои дела Леонхард Мазинг даде поттик за развој на македонистиката уште кон крајот на XIX век. Неговите дела ги привлекле и други автори на кој им била важна историјата на Кирило-методиевата писменост, култура и етнолигвистика, додека политиката и пропагандата им била туѓа. За Македонија/македонскиот јазик во 1890 година вели: „Во денешниве услови кога Македонија не е независен политички субјект, за нас (лингвистите) важат нејзините етно-историски граници за дефиниција на јазикот!„ Починал на 4 април 1936 година во градот Тарту. ПРЕД 10 ГОДИНИ Во негова чест, на денешен ден во 2015 година, во Универзитетската библиотека во Тарту беше отворена изложба посветена на авторот на првата докторска теза за македонскиот јазик Леонхард Готхилф Мазинг, а истовремено беа одбележани и 170 години од неговото раѓање. Изложбата беше ретроспектива за неговиот живот и дело со фокус на 125 годишнината од одбраната на докторската теза за засебноста на македонскиот јазик како и неговите сестрани истражувања за географијата, историјата и етнографијата на Македонија. Иницијатор и автор на изложбата беше проф. д-р Георги Гоце Дуртаноски кој оваа архивска граѓа ја истражуваше неколку години во Државниот архив на Естонија, Универзитетската библиотека, Естонскиот литературен музеј и архивата на Естонската евангелистичка црква. Со инаугуративни говори изложбата ја отворија директорката на универзитетската библиотека Лиси Лембинен, македонскиот амбасадор во Естонија Сашо Велјановски, а свои излагања за ликот и делото на Леонхард Мазинг имаа: директорката на Колеџот за странски јазици и славистика проф. Љубов Кисељова, познатиот слависти и поранешен професор по славистика на универзитетот во Тарту проф. Александар Димитриевич Диличенко, естонскиот амбасадор за Македонија Даниел Шер, почесниот конзул на Македонија во Тарту Петер Роуз и авторот на изложбата проф. Георги Гоце Дуртаноски. ДИСЕРТАЦИЈАТА ОД МАЗИНГ ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Овој значаен труд од Леонхард Мазинг конечно беше приопштен на македонски јазик од нашата сонародничка и лектор по македонски јазик Бранислава Драговиќ во 2022 година како индивидуално издание, по децениското одбивање на државните институции да го објават ова капитално дело за македонистиката. Објавувањето на преводот од Бранислава Драговиќ под наслов „Фонетиката и акцентот на македонскословенските дијалекти“ (дополнето издание кон дисертацијата од Мазинг од 1891 година) претставува драгоцен прилог кон историјата на македонскиот јазик и значаен прирачник за македонистите во светот./МИАТагови: МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаТуристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња Четворица вработени во малтешката институција за културно наследство „Херитиџ Малта“ се изведени пред суд под сомнение дека продавале дупликати билети на посетители и ги задржувале парите за себе. Случајот покрена прашања за злоупотреба на системот за плаќање на туристичките места откако беше откриено како вработените наводно заработувале дополнителни пари. Според „Малта Хабер“, вработените наводно искористиле дупка во системот за билетарница за да испечатат повеќе копии од истиот важечки билет. Откриена организирана измама со камери Снимките од надзорните камери наводно покажуваат дека некои билети биле испечатени дури осум пати, по што дополнителни копии биле скриени во промотивни брошури. Кога туристите дошле на билетарницата и платиле во готово, вработените наводно им дале претходно подготвени копии наместо да издадат нови билети. На овој начин, парите од продажбата не завршиле кај институцијата на која ѝ припаѓале. Според информациите презентирани за време на судската постапка, снимката од камерата наводно покажува и како вработените земаат готовина од касите и ги ставаат во своите паричници. Неправилности забележани и претходно Сомневањата за неправилности се појавија уште во мај, кога два идентични билети беа пронајдени во историскиот комплекс „Форт Сент Анџело“. Овој навидум ситен детал предизвика истрага која откри можна злоупотреба на системот за плаќање. Последователните проверки открија дека слични неправилности, според истрагата, се случиле и на други локации управувани од „Херитиџ Малта“. Четворица вработени беа обвинети за нелегално стекнување пари на сметка на институцијата со користење на можноста за дуплирање билети. Случајот стигна до судска завршница Случајот заврши на суд, каде што беа презентирани наодите од истрагата и снимките од надзорните камери. Иако станува збор за сериозни обвинувања, одговорноста на вработените сè уште не е утврдена во судска постапка. Овој случај покажува како дури и навидум едноставен систем за продажба на туристички билети може да стане предмет на злоупотреба кога има пропусти во евиденцијата за контрола и наплата. И целата приказна започна со само два билети кои изгледале потполно исто.Тагови: Малта туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз.Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија Цезар. Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“. Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за улогата на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“. Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е и продуцент и коосновач на „Блосом Филмс“, продуцентската компанија зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“. Во 2006 година, Кидман ја доби титулата Придружник на Редот на Австралија, додека во 2017 година ѝ беше доделена награда на Канскиот филмски фестивал по повод 70-годишнината од тој фестивал.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаВооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)Вооружени разбојници украле луксузна стока во вредност од неколку стотици илјади евра од златарницата „Де Бирс“ во елитен кварт на Париз, по што избегале со мотоцикли, соопшти париската полиција. Грабежот се случил околу 11:15 часот наутро во вториот арондисман на Париз, потврди полицијата за Асошиејтед Прес. Портпаролот на групацијата „Де Бирс“ потврди дека нивната продавница на улицата „Ру де ла Пе“, недалеку од плоштадот Вандом, позната по своите луксузни продавници за златарница, била ограбена. Тој изјави за АП дека „никој не е сериозно повреден“ во грабежот и дека компанијата им обезбедува поддршка на вработените. Продавницата ќе остане затворена додека трае истрагата. 🇫🇷 A De Beers jewelry store was robbed in Paris, causing damage exceeding 1 million euros, The criminals were armed with Kalashnikov assault rifles. They managed to escape. The police are looking for them. https://t.co/UBZqUN3UPT — Vegas ʷ̣ (@vegasyx) November 12, 2026 Фабиен Богаис, претставник на полицискиот синдикат „Алијанс“ во Париз, им изјави на новинарите на местото на настанот дека четворица осомничени, вооружени со пушки, украле стока во вредност од неколку стотици илјади евра за само неколку минути. Една година од спектакуларниот грабеж на Лувр Полицијата соопшти дека разбојниците не користеле оружје. Богаис рече дека разбојниците носеле шлемови, но не можеше да потврди дали дополнително ги покриле лицата со облека или маски. Властите објавија дека се распоредени значителни полициски сили за да ги пронајдат сторителите и дека истражителите темелно ќе го испитаат местото на грабежот. Оваа кражба доаѓа по спектакуларната кражба на француските крунски скапоцености од Лувр во октомври 2025 година, кога крадците избегаа со вредни предмети во вредност од 88 милиони евра сред бел ден. Таа кражба откри сериозни недостатоци во безбедносниот систем на музејот.Тагови: Париз разбојници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook