Сто и шест години од Тиквешкото востание

Сто и шест години од Тиквешкото востание се навршуваат денеска, 19 јуни, а историчарот Петре Камчевски од Кавадарци, во изјава за МИА раскажува детали за ова востание.

По завршувањето на Првата Балканска Војна и протерувањето на Турците од Балканскиот Полуостров, територијата на тогашна Македонија била поделена на интересни сфери на влијание. На десната страна на реката Вардар биле сконцентрирани српските воено административни сили или Тимочката дивизија, а на левата, бугарските воени сили, четвртата армија. Веднаш по назначувањето на потполковникот Драган Урошевиќ за командант и управник на Кавадарци, српските воени сили ги покажале своите асимилаторски и денационализаторски тенденции.

-Како прво, тој го разрешил кметот на Кавадарци Тасе Бошков и шестчлената мешана комисија составена од Македонци и Турци, кои привремено управувале со градот. Тој им кажал дека оттогаш па натаму, ќе било така, како што тој ќе кажел. Веднаш потоа биле истерани од работа сите учители, а на нивно место биле донесени учители од Србија. Оние кои сакале да останат, биле приморани да одат на курс во Белград, каде требало добро да го научат српскиот јазик и српската историја. Најнапред била затворена третокласната нижа гимназија во Кавадарци, а биле уапсени учителите Ристо Михов, Ѓошо Бадев, Борис Минчев, Димитар Коцев и други. Набргу истата судбина ги нашла и свештениците во Тиквешко, а нивниот архиерејски старешина Глигорие Лазаров бил претепан, затоа што се обидел да го пречека својот митрополит на железничката станица во Криволак. Во една турска куќа во Кавадарци, српските војници ги убиле сите нејзини членови, само затоа што им се спротивставиле на војниците да пљачкаат во куќата, раскажа Камчевски.

Тепана и бабата на Страшо Пинџур

Во селото Ваташа, продолжи тој, биле безмилосно претепани Зарко Илиев, Тодор Мицев и Лазар Хаџи-Јорданов, без никаква причина.

-Во истото село била тепана и измачувана и Наца Пинџурова, мајка на војводата Димитар Пинџуров, од неа било барано да каже каде е нејзиниот син. Бидејќи паднала во бессознание, комшиите ја кренале на носилка и ја однеле дома. Во Кавадарци бил убиен младинецот Александар Видов, кој на прашањето на управникот на градот, Урошевиќ, дали е Србин или не, одговорил негативно. Поради страв од револт на народот, неговото тело било тајно изнесено од градот и закопано на скришно место. Така што, до ден денешен не се знае каде е неговиот гроб. Во Ваташа била силувана Марија Тодорова од страна на поручникот Милан Керковиќ, само еден ден по нејзината свадба, соопшти Камчевски.

Револтот на населението од овој крај од ден на ден бил се поголем.-Така во почетокот на јуни 1913 година, поранешните војводи и револуционери, Дончо Лазаров, Мишо Шкартова, Димитар Пинџуров, Тасе Мурџев, Коцо Сеизов, Тодор Камчев и други, се собрале во куќата на Јованче Шкартов и се договориле да го подготвуваат револтираниот народ за вооружено востание. На овој состанок присуствувал и Петко Пенчев, претставник на бугарската Влада, кој им ветил несебична помош на востаниците. Тука биле и вооружените чети на ВМРО на Христо Чернопеев, Ѓакон Евстатиј, Васил Чакаларов, Петар Чаулев и други, кои исто така понудиле поддршка за востанието. Бил формиран Главен штаб на востанието, во кој влегле дваесетина видни револуционери од Кавадарци, Неготино и Ваташа, информираше Камчевски.

Градот Кавадарци бил слободен седум дена

На 19 јуни востаниците го објавиле востанието, со биење на камбаните и пукање во општинскиот писар и другите српски чиновници во Кавадарци.

-По силниот напад, градот бил ослободен од српската власт. На општинската зграда било симнато српското знаме и било подигнато револуционерното, од 1903 година, на кое пишувало „Слобода или смрт", а под него, „Тиквешки револуционерен округ". Во наредните денови биле ослободени Неготино на 22 јуни и Криволак, како и сите поголеми села во Тиквешијата во кои имало сконцентрирано српска војска. Градот Кавадарци бил слободен цели седум дена, а биле ослободени и педесетина села, меѓу кои и некои од прилепска општина, рече Камчевски.

За тоа време не бил регистриран ниту еден инцидент помеѓу македонското и турското население во Кавадарци.

-По седум дена, голема српска војска предводена од Василие Трбиќ, помогната од башибозучки чети на Јован Бабунски, Јован Долгачот и Јаја Ага Малиќ, ги нападнале востаничките позиции кај Неготино, потоа кај Сирково, Рибарци и Манастирец. Штабот на востаниците бил на Љубаш, од каде се гледала целата линија на фронтот. Востаничките сили кога слушнале дека голема српска војска заедно со турските наемници се приближуваат кон Кавадарци, се разделиле на повеќе од 10 групи и се распоредиле фронтовски по целата линија на фронтот, на 5-6 километри северно од Кавадарци, во близина на селата Манастирец и Рибарци. Тука српските чети биле наполно разбиени и биле приморани да се повлечат кон Градско и Велес, оставајќи голем број убиени и ранети војници и големо количество оружје, меѓу кое и повеќе тешки митролези. На двапати српската војска повторно напаѓала и била одбивана и принудена да се врати назад, но отсуството на ветената помош придонела големата српска војска и башибозук да ги разбијат востаничките сили, кои биле приморани да се повлечат спрема Конопиште и планината Кожуф, раскажа Камчевски.

По задушувањето на востанието, настанал страшен терор.

-Биле убиени 545 луѓе, според наодите на Карнегиевата комисија, покрај тоа што вистинската бројка била многу поголема. Најмногу убиени имало во Неготино, 117, во Бохула 46, Ваташа 37, Сирково 26, Кавадарци 25, Дреново 13, Марена 12, Мрзен Ораовец 11 и слично. Биле запалени повеќе од илјада куќи, а 2700 луѓе биле затворени. Исплашени од репресалии, за кратко време од Тиквешијата се иселиле повеќе од 3.000 семејства, најмногу во Бугарија и никогаш повеќе не се вратиле во своите домови. Тиквешкото востание и последиците од него, го претставуваат најголемиот терор во поновата историја на народот од овој крај, завршува Камчевски./МИА.

Командантот на украинската армија вели дека ситуацијата на фронтот се „влошува“

 Главниот командант на вооружените сили на Украина денеска објави дека позицијата на Киев на фронтот е влошена и дека Русија постигнала голем број придобивки на бојното поле.

„Ситуацијата на фронтот се влоши“, наведе Олександр Сирски во објава на Фејсбук.

Тој додава дека Русија „напаѓа по целата линија на фронтот“ и постигнала „тактички успех во некои сектори“.

Баришиќ пред трансфер во Трабзон

 Хрватскиот фудбалер Борна Баришиќ на лето би можел да ги засили редовите на турски прволигаш Трабзонспор во чиј редови настапува македонскиот капитен Енис Барди.

Договорот на хрватскиот репрезентативец од редовите на Глазгов Ренџерс истекува на лето, а се погласни се шпекулациите дека ќе ја смени средината.

Според италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре, во летниот преоден рок Баришиќ ќе се пресели во Турција, а со него во турскиот клуб би заминал и Џон Лундстрам.

Николоски: Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра

Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра со кои ќе се решат многу инфраструктурните проекти во општината.

Денеска сме тука заедно со прилепчани на еден исклучително убав хепенинг кој ретко се гледа во цела држава и навистина сакам да честитам на општината и на сите кои го организираат.

Се наоѓаме на Могилата на непобедените, многу симболично место, место кое актуелната власт на заминување на СДСМ и ДУИ би сакала да го заборави, да го избрише затоа што го потпишаа срамниот француски предлог со кој ја бришат македонската историја и македонската култура и засебност. Но, ова не може да се избрише и жртвите кои паднале за слобода во Втората светска војна секако не можат да се избришат.

Во следниот период очекуваме уште поголема мобилизација и уште поголема победа на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори на 8 мај.

Очекуваме најмногу гласови за ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4 и најмногу пратеници кои ќе овозможат стабилна влада, влада во која нема да бидат дел ни еден од двата партнери во актуелната влада, ни СДСМ ни ДУИ со цел да можеме да ги реализираме проектите кои ги ветуваме, а за Прилеп се бројни.

Во делот на инфраструктурата ветуваме завршување во трите фази на експресниот пат Прилеп-Градско до крај на 2026 година, понатаму до крај на мандатот изградба на обиколница околу Прилеп, изградба на автопатско решение Прилеп-Битола граница со Грција. Планираме заживување на железничката пруга помеѓу Прилеп и Битола да се спојат практично двата града преку една брза линија, а понатаму да има редовна линија и помеѓу Прилеп, Битола и Солун со целосна реконструкција на железничката линија. Секако тука е и поддршката за решавање на инфраструктурните проекти во рамки на општината преку средствата кои ќе ги добива општина Прилеп секоја година и кои ќе бидат околу 8 милиони евра годишно. Тука се проектите за пензионерите, зголемување на пензијата за околу 5 илјади денари уште во првата година. Проектите за најмладите каде ќе има директен поврат на средства за родено прво дете некаде околу 30 до 40 илјади денари, за родено второ дете и до 100 илјади денари и за родено трето дете поврат на персонален данок додека детето не наполни 18 години што значи уште една плата да влегува во семејствата. Тука е и проектот купи или изгради куќа каде до половина од трошоците ќе ги покрива државата. И бројни други проекти за што ни е потребна стабилна влада, влада која ќе го штити македонскиот национален интерес, ќе ја враќа македонската национална гордост, ќе воведува функционална правна држава и ќе се бори силно со организираниот криминал и корупција.

Александар Николоски, носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер