Николоски: Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра

Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра со кои ќе се решат многу инфраструктурните проекти во општината.

Денеска сме тука заедно со прилепчани на еден исклучително убав хепенинг кој ретко се гледа во цела држава и навистина сакам да честитам на општината и на сите кои го организираат.

Се наоѓаме на Могилата на непобедените, многу симболично место, место кое актуелната власт на заминување на СДСМ и ДУИ би сакала да го заборави, да го избрише затоа што го потпишаа срамниот француски предлог со кој ја бришат македонската историја и македонската култура и засебност. Но, ова не може да се избрише и жртвите кои паднале за слобода во Втората светска војна секако не можат да се избришат.

Во следниот период очекуваме уште поголема мобилизација и уште поголема победа на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори на 8 мај.

Очекуваме најмногу гласови за ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4 и најмногу пратеници кои ќе овозможат стабилна влада, влада во која нема да бидат дел ни еден од двата партнери во актуелната влада, ни СДСМ ни ДУИ со цел да можеме да ги реализираме проектите кои ги ветуваме, а за Прилеп се бројни.

Во делот на инфраструктурата ветуваме завршување во трите фази на експресниот пат Прилеп-Градско до крај на 2026 година, понатаму до крај на мандатот изградба на обиколница околу Прилеп, изградба на автопатско решение Прилеп-Битола граница со Грција. Планираме заживување на железничката пруга помеѓу Прилеп и Битола да се спојат практично двата града преку една брза линија, а понатаму да има редовна линија и помеѓу Прилеп, Битола и Солун со целосна реконструкција на железничката линија. Секако тука е и поддршката за решавање на инфраструктурните проекти во рамки на општината преку средствата кои ќе ги добива општина Прилеп секоја година и кои ќе бидат околу 8 милиони евра годишно. Тука се проектите за пензионерите, зголемување на пензијата за околу 5 илјади денари уште во првата година. Проектите за најмладите каде ќе има директен поврат на средства за родено прво дете некаде околу 30 до 40 илјади денари, за родено второ дете и до 100 илјади денари и за родено трето дете поврат на персонален данок додека детето не наполни 18 години што значи уште една плата да влегува во семејствата. Тука е и проектот купи или изгради куќа каде до половина од трошоците ќе ги покрива државата. И бројни други проекти за што ни е потребна стабилна влада, влада која ќе го штити македонскиот национален интерес, ќе ја враќа македонската национална гордост, ќе воведува функционална правна држава и ќе се бори силно со организираниот криминал и корупција.

Александар Николоски, носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Деспотовски: Пред три години понудив решенија,не беа прифатени од партијата

Димовски: Личното право на самоидентификација не може да биде загрозено со никаков меѓудржавен договор.

Димовски: Личното право на самоидентификација не може да биде загрозено со никаков меѓудржавен договор. Грчката дипломатија доби договр кој што ако самата го пишуваше, ќе беа повнимателни. Прво сите партии да изградиме став и да дефинираме дали Преспа е правда или неправда. Собирот на Албанската дијаспора ја фрапира Грција.

Деспотовски: Пред 3 години кога се организираа претседателски избори така како што се организираа, јас понудив решенија, но тие не беа прифатени од партијата, а тоа беше поставување на кои основи се поставуваат носители на листи, кандидати за пратеници, за премиер, и во тој процес улога да имаа целото членство.

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави

Трамп води меѓу регистрираните гласачи во шест од седум држави, односно во секоја, освен во Висконсин.

Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, каде главни кандидати се претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води меѓу регистрираните гласачи во шест од седум држави, односно во секоја, освен во Висконсин.

Ситуацијата е малку поинаква меѓу гласачите кои сè уште не се пријавиле да гласаат, каде Бајден води во Мичиген и многу малку заостанува во Висконсин и Пенсилванија. И покрај тоа што Бајден ги освои сите овие држави на изборите во 2020 година, победите во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин би биле доволни за победа на изборите, вклучително и победи во државите кои традиционално ги фаворизираат демократските кандидати.

Резултатите од истражувањето биле слични и во хипотетичкиот избор меѓу Бајден, Трамп и независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор, кој според истражувањето би освоил по 10 отсто од гласовите во секоја од државите. /МИА

Полски земјоделци почнаа штрајк со глад поради Зелениот договор на ЕУ

 Неколку полски земјоделци почнаа штрајк со глад поради еколошките прописи на Европската унија, кои според нив ќе ги остават без работа.

Земјоделците во Полска и на други места во ЕУ во последните месеци протестираа против увозот на евтина храна од Украина и ограничувањата што им беа наметнати со Зелениот договор на ЕУ за борба против климатските промени.

Група од 14 земјоделци го окупираа полскиот парламент во четвртокот, а денеска петмината кои останаа таму најавија дека нема да земаат храна додека не им се обезбеди средба со полскиот премиер Доналд Туск./МИА

притисни ентер