Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев - Канал 5

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев

Македонија денеска одбележува 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев...

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев

Бројни делегации и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“, а панихида одржа поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан на која присуствуваше и државно-политичкиот врв...

Таму е Маја Стојановска...

Маја, на настанот беа и премиерот Мицкоски и лидерот на опозицијата Филипче, кои и во оваа прилика разменија жестоки критики, особено околу уставните измени и односите со Бугарија...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“.

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето

Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските воени операции поврзани со војната со иран. Носачот има поминато повеќе од 240 дена непрекинато на море, што е рекорд.

Претходно оваа недела се појавија наводи дека некои морнари имале самоубиствени мисли и се обиделе да скокнат од бродот. Според весникот, причината е продолжувањето на мисијата, која требаше да заврши во мај, но била продолжена без утврден датум за нејзино завршување.

„Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил пристаништето во Дананг, Виетнам, соопшти американската морнарица. Носачот, заедно со крстосувач и со разурнувач, потоа бил забележан како минува низ Сингапурскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

​Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.

Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите и влажните места.

Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности. Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Родри – светски шампион на лет на „ниско буџетна авио компанијата

Капитенот на светскиот фудбалски шампион Шпанија, Родри дефинитовно  не е опседнат со луксуз како многу од фудбалерите, тоа го покажа при враќањето од  Шпанија во Манчестер.

Видео: Родри – светски шампион на лет  на „ниско буџетна авио компанијата

Скромниот светски шампион со Шпанија и ѕвезда на Манчестер Сити е снимен како чека во ред за пријавување на летот на аеродромот во Мадрид, од каде што патувал за Ливерпул.

Тој не изнајмил приватен авион ниту си обезбедил некаков вид ВИП-транспорт – како што тоа го прават многу фудбалери од негов ранг – туку, како и секој обичен смртник, застана во редот пред шалтерот, онаму каде што одат сите патници пред полетувањето.

На истиот лет со Родри била и новинарката на Би-би-си, Емили Бробин, која сподели снимки и фотографии од шпанскиот фудбалер на аеродромот.

Ова не е неочекувано од Родри, кого славата и парите не го промениле . Оние што го познаваат велат дека Родри е сè уште истиот оној Родри што бил и пред големиот подем во кариерата.

Се разбира, глетката на фудбалер кој може да си дозволи сопствен авион, а сепак стои во ред со обичните луѓе, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Покрај тоа што со недели е во центарот на вниманието поради успехот со Шпанија, Родри веќе неколку дена е тема на европските спортски портали поради можниот трансфер во Барселона.

Според последните информации, играчот постигнал договор со Каталонците, но трансферот моментално е „закочен“ од Сити, кој бара повеќе пари за „слободата“ на својот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер