Стјуард на Ф1 суспендиран за време на етапата во Канада - Канал 5

Стјуард на Ф1 суспендиран за време на етапата во Канада

Светската автомобилистичка федерација (ФИА), го суспендираше поранешниот возач на Формула 1, Дерек Ворвик, од судењето на Големата награда на Канада.

Стјуард на Ф1 суспендиран за време на етапата во Канада

Суспензијата за Ворвик доаѓа по неодамнешни коментари за медиумите за неколку возачи.

- Поради неодамнешните неовластени коментари, Дерек Ворвик е суспендиран од должноста стјуард на возачот за Големата награда на Канада. Тој ќе биде заменет до крајот на викендот од Енрике Бернолди, кој ќе работи од далечина во Женева, соопшти ФИА.

По дискусиите, Ворвик призна дека неговите коментари биле непромислени со оглед на неговата улога како стјуард на ФИА и се извини. Тој ќе ги продолжи должностите стјуард на следната Голема награда на Австрија.

Ворвик неодамна изјави дека Луис Хамилтон можеби ќе размисли за пензионирање, а Ред Бул направил грешка со отстранувањето на Серхио Перез.

„Citizen“ лансира револуционерен часовник

„Citizen“ гордо слави 30 години од својата „Eco-Drive“ технологија со лансирање на ексклузивен часовник во ограничено издание.

„Citizen“ лансира револуционерен часовник

Моделот со број „AQ4106-26L“ ќе биде достапен во само 300 парчиња низ целиот свет и доаѓа со цена од околу 3.300 американски долари, што е околу 2.820 евра.

Часовникот се издвојува со бројчаник направен од индиго „Tosa washi“ хартија, рачно обоен со техниката Муракумо шибори, метод што создава шари слични на облаци преку нежно притискање и боење.

Доаѓа следниот месец

Секој бројчаник е уникатен, што ја одразува посветеноста на „Citizen“ кон уметничкиот израз и индивидуалноста.

Куќиштето е направено од темен материјал „Super Titanium“ и дополнително е заштитено со „Duratect DLC“ слој, што го прави многу издржлив, но елегантен. Покрај визуелната привлечност, часовникот е опремен со прецизен механизам кој го покренува светлина (Eco-Drive).

Исто така, има вечен календар кој автоматски се прилагодува до 28 февруари 2100 година и вклучува моментална промена на датумот точно на полноќ.

Дополнителните карактеристики вклучуваат детекција на удари и механизам за заклучување за заштита на деликатниот внатрешен механизам, како и автоматска корекција на положбата на стрелката за одржување на точни информации за времето.

Извор: Б92

Гил: На дофат е принципиелен договор во трговските преговори меѓу ЕУ и САД

- Немаше да се вклучиме во преговори, ако не мислевме дека тие преговори би можеле да доведат до добар резултат, истакна Гил.  

Гил: На дофат е принципиелен договор во трговските преговори меѓу ЕУ и САД

Европската Унија смета оти „на дофат“ е принципиелен договор во трговските преговори со САД и сите нејзини напори во моментов се насочени и фокусирани во тој правец, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.

- Немаше да се вклучиме во преговори, ако не мислевме дека тие преговори би можеле да доведат до добар резултат, истакна Гил.

Тој додаде дека трговските преговори со САД се наоѓаа во „најчувствителната фаза“ и оти ЕУ работи на постигнување принципиелен договор пред истекување на рокот од 1 август поставен од Вашингтон за стапување во сила на царините.

- Можам да потврдам дека еврокомесарот (за трговија Марош) Шефчович синоќа разговараше со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник. Не можам да дадам никакви детали за разговорот. Можам да потврдам дека комесарот Шефчович вечерва ќе разговара со трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир. Можам да потврдам и дека во моментов технички тимови на Европската комисија се на пат кон Вашингтон, но нема да навлегувам во детали во врска со преговорите со САД, рече Гил.

Во врска со т.н. втора листа на контрамерки што ја подготви Европската комисија, Гил рече дека таа вчера е доставена до земјите членки, засегнатите страни и индустрискиот сектор во ЕУ и тие ќе имаат можност да ја разгледаат и да достават свои мислење по предлогот.

- Ќе ги земеме предвид мислењата и ќе дадеме конечен предлог до земјите членки, а тие потоа ќе можат да ја одобрат таа втора листа. Немаме намера да предлагаме какви било контрамерки пред 1 август, додека траат преговорите, додаде Гил.

Тренерот на Аталанта хоспитализиран

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми.

Тренерот на Аталанта хоспитализиран

Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро да биде отпуштен од болница.

„Аталанта ја информира јавноста дека тренерот Иван Јуриќ е хоспитализиран во последните денови во болницата Болоњини во Серијате, на одделот за Оториноларингологија што го води д-р Давиде Панчиера, поради сериозна инфекција на горните дишни патишта, комплицирана со бактериска инфекција. Третманот се спроведува со интравенски антибиотици. Клиничката состојба на тренерот Јуриќ значително се подобрува и во наредните денови се очекува да биде отпуштен од болница под лекарски надзор“, се вели во соопштението на клубот.

Јуриќ на клупата на Аталанта дојде на местото на Џан Пјер Гасперини, кој претходно девет сезони со успех го водеше клубот од Бергамо.

притисни ентер