Стив Вознијак открива зошто гледа скептично на вештачката интелигенција - Канал 5

Стив Вознијак открива зошто гледа скептично на вештачката интелигенција

Според коосновачот на ЕПЛ Стив Вознијак, системите за вештачка интелигенција често не успеваат директно да одговорат на прашања и им недостасува емоционално разбирање.

Стив Вознијак открива зошто гледа скептично на вештачката интелигенција

Вознијак изразува загриженост поради вештачката интелигенција во услови кога оваа технологија сè повеќе се воведува во секојдневниот живот, предупредувајќи дека можеби сè уште не обезбедува доверливост и човечко разбирање какво што луѓето очекуваат. Гостувајќи на ТВ Фокс бизнис (FOX Business), тој говореше за тоа како се развива вештачката интелигенција и каде, според неговото мислење, заостанува и покрај брзиот напредок во технолошката индустрија. Вознијак, кој помогна во создавањето на најраните компјутери на Apple и во обликувањето на револуцијата на персоналните компјутери, својот скептицизам го темели на важноста на човечкото размислување и емоционалната свест, тврдејќи дека технологијата треба да одразува вистинско разбирање, а не само добро формулирани одговори.

- Сакам да знам дека некое човечко суштество размислува како мене. Тогаш би знаел што би можел да чувствувам и да ги разбере емоциите и сето тоа, изјави Вознијак.

Врз основа на сопственото искуство од тестирање алатки за вештачка интелигенција, Вознијак рече дека системите често не успеваат директно да одговорат на прашањата, туку нудат широки или неповрзани информации што не ги погодуваат вистинските потреби на корисниците.

- Сакам таква доверлива содржина секојпат. Не сум љубител на вештачката интелигенција, додаде Вознијак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

- До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер