АвтомобилизамСтелантис се откажува од автономни возила: Прескапо е, а интересот е премал (ВИДЕО) Stellantis, еден од најголемите концерни во автомобилската индустрија, се откажува од развојот на системи за автономно возење.Станува збор за AutoDrive, напредниот систем за помош на возачот (ADAS) од ниво три, кој сега е запрен. Стелантис ги суспендира активностите поврзани со понатамошен развој, а причината за откажувањето лежи во високите трошоци за развој, технолошките предизвици и сомнителната побарувачка на пазарот, дознава Ројтерс. Интересно е што компанијата истакна дека технологијата е подготвена за употреба, но сегашниот пазар не е доволно зрел за нејзина имплементација. „Она што беше воведено во февруари 2025 година беше технологија од ниво 3, за која во моментов има ограничена побарувачка на пазарот и затоа не е лансирана, но технологијата е достапна и подготвена за имплементација“, изјави портпаролот на Stellantis. Во февруари оваа година, Stellantis го претстави својот систем STLA AutoDrive, дизајниран според принципот на „функционалност без раце и без очи“ при возење со брзина до 60 км/ч. Технологијата требаше да им овозможи на возачите накратко да се посветат на други активности како што се гледање филмови, читање или пишување. При поголеми брзини, би биле дозволени 2+ нивоа каде што возачот би морал да има поглед на патот. Планирани се и идни надградби за возење со брзина до 95 км/ч и во посложени услови. Кој нуди ниво 3? Стелантис, со годишни приходи што надминуваат 155 милијарди евра и профит што надминува 5,5 милијарди евра, не може да си дозволи понатамошен развој на систем за автономно возење од ниво 3 на возилата. Единствениот што моментално игра на картата на ниво 3 е Мерцедес, чиј Drive Pilot се нуди во некои американски држави покрај Германија. Хонда има Traffic Jam Pilot достапен во Јапонија, додека БМВ нуди само Personal Pilot во Германија. Други компании како Waymo, Cruise, Tesla и други работат на автономни решенија, но најчесто во рамките на услугите за роботакси и на повисоки нивоа (ниво 4) или со надзор. Ова го вклучува и Verne на Римчев, чиј систем за автономно возење го развива израелската компанија Mobileye. Најновите информации споменуваат ниво 4, а по серија одложувања, првите примероци треба да се појават на патиштата следната година.Тагови: возила Стелантис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter