Стејт департмент: Потребни се позасилени мерки против трговијата со луѓе

 Македонија презема значителни напори, но се уште не ги исполнува стандардите за елиминација на трговијата со луѓе, се констатира во извештајот на Стејт департментот за 2019.

Во извештајот за трговијата со луѓе во светот, се нотира дека Владата презела повеќе напори во споредба со претходниот извештаен период, поради што земјата и натаму останува во групата Тиер 2. Овие напори вклучуваа истраги, гонење и осудување на повеќе трговци со луѓе и идентификување на повеќе потенцијални жртви. Владата ги зголеми ресурсите за заштита на жртвите и го измени кривичниот законик за да вклучи клаузула за неказнување за жртвите на трговија со луѓе.

Но, се уште не се исполнети стандардите во неколку клучни области. Судиите и натаму изрекуваат минимални казни за трговија со луѓе. Иако има истраги за вклучување на припадници на полицијата во корупција или трговија со луѓе, се уште изостануваат постапки против државни службеници. Владата не им доделува грантови на невладините организации за борба против трговијата со луѓе четврта година по ред, забележува Стејт департментот.

Според извештајот, жртви на трговијата со луѓе се македонски, но и странски државјани. Жени и девојки се цел на сексуално злоставување и принудна работа најчесто во ресторани, барови и ноќни клубови. Странските жртви кои сексуално се злоупотребуваат најчесто потекнуваат од земјите од Балканот и Источна Европа – Албанија, БиХ, Косово, Романија, Србија и Украина. Граѓани на Северна Македонија, пак, се жртви на трговија со луѓе и принудна работа, особено во градежништвото и земјоделскиот сектор во Јужна, Централна и Западна Европа. Проблем е и принудувањето на деца Роми на питачење и на несакани бракови. Особено ранлива група се мигрантите и бегалците кои поминуваат низ земјата, пред се жените без придружба. Трговците со луѓе често ги поткупуваат полицајците и инспекторите за што веќе има и документирани полициски извештаи, се нотира во Извештајот.

Стејт департментот препорачува засилени истраги, обвиненија и пресуди против трговците со луѓе, вклучувајќи и соучесниците службеници, како и воведување построги казни. Се препорачуваат и мерки за проактивна идентификација на евентуалните жртви и нивно препознавање меѓу мигрантите, бегалците, лицата вклучени во проституција… Поголема поддршка за НВО кои се грижат за заштита на жртвите, обезбедување сместување и заштитни центри, повеќе ресурси за полициската единица за борба против трговијата со луѓе, за обука на судиите, обвинителите и другите надлежни лица и институции во врска со истрагите и процесуирањето на трговијата со луѓе, поголемо информирање на јавноста за овој проблем и формирање независна канцеларија на Национален известувач за трговијата со луѓе, се дел од мерките кои ги препорачува Стејт департменто на САД во дело за Северна Македонија.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер