Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања
1Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања
3Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
КултураСтефоска на Министерска конференцијаКултурата e движечка сила која ги отвора границите што ги затвори вирусотМинистерката за култура Ирена Стефоска денеска учествуваше на Седмата министерска конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE), која, поради пандемијата на КОВИД-19, се одржа онлајн. Домаќин на оваа значајна Министерска конференција беше Министерството за култура и спорт на Република Грција, коe во изминатиот период претседаваше со Советот. Министерката за култура Стефоска во своето обраќање изрази благодарност до домаќините и истакна дека е ова одличен повод да се нагласи заедничката посветеност за понатамошно унапредување на регионалната и мултилатералната соработка во областа на културата и културното наследство како движечка сила за дијалог, креативност и кохезија на регионот. Во своето обраќање, реферирајќи на темата на Министерската конференција: „Дигиталните и еколошките културни политики во контекст на пандемијата", Стефоска истакна дека Република Македонија, како и другите земји во светот, ги усогласи својот социјален и културен живот за да се справи со предизвиците што ги наметна глобалната пандемија. „Овие нови предизвици ни овозможија да започнеме да гледаме на културата повеќе како екологија, отколку само како економија, и да започнеме со преиспитување на старите модели на креативен пристап и државна поддршка. Меѓутоа, во овој поглед, сè уште имаме многу повеќе да работиме и да учиме едни од други", додаде Стефоска. Министерката за култура информираше дека како дел од сеопфатните државни пакети за поддршка, беше обезбедена поддршка за културните работници, вклучително, и за прв пат, за независните уметници. „Паралелно со осигурувањето дека културните работници можат да продолжат да творат, Република Македонија ги продолжи системските реформи, фокусирана кон нова стратегија и законска рамка за заштита на културното наследство", рече Стефоска. Таа ја нагласи и важноста на културата како главна алатка која им помага на луѓето да се справат со последиците од глобалната пандемија и рече дека културата мора и треба да биде движечка сила која ги отвора границите што ги затвори вирусот. „Ние сме министри за култура во многу тешко време. Затоа, нашата одговорност е поголема од вообичаеното. Сега, повеќе од кога било, нашата соработка е најважна. Културата може да биде заеднички елемент што го споделуваме и кој може да ни помогне да ја поддржиме и да ја инспирираме неопходната транзиција од нашата моментална ситуација и треба да биде уште повидлива. Југоисточна Европа, како цивилизациска крстосница, изобилува со културно наследство, што треба да нè направи уште поблиски пријатели", нагласи Стефоска. На Конференцијата беше истакнато дека како дел од процесот на интеграција во ЕУ, Македонија е посветена на спроведувањето на Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт. Беше споделено и дека Министерството за култура на Македонија ја изрази својата подготвеност да учествува во новата Програма за Креативна Европа 2021 – 2027 година. На Конференцијата беше поздравена и иницијативата за формирањето на Регионалниот фонд за културна соработка, како сериозен механизам за практично унапредување на регионалната соработка. Министрите за култура и шефовите на делегациите, на крајот на Министерската конференција, ја усвоија и Атинската декларација со која ги потврдија заложбите за продолжување на соработката во духот на меѓусебното почитување. Претседавањето со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE) го презеде Црна Гора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФолксваген има план за преживување: Еве што ги очекува клиентите во наредните годиниКрај на познатите модели? Фолксваген се впушта во најголемата реорганизација во последните децении.Групацијата Фолксваген продолжува со својата голема деловна трансформација, а нов интерен документ открива како германскиот гигант планира да ги намали трошоците и да остане конкурентен во ерата на електрификација и зголемената кинеска конкуренција. Компанијата веќе објави дека ќе ја намали својата гама на модели за дури 50 проценти на долг рок, додека бројот на различни верзии и конфигурации би можел да се намали за 75 проценти. Според списанието „Automobilwoche“, целта е да се поедностави развојот и производството, а истовремено да се забрза лансирањето на нови модели на пазарот. Финансискиот директор Арно Антиц нагласи дека Фолксваген продолжува да инвестира повеќе од повеќето конкуренти, но дека долгорочната конкурентност бара пониски трошоци по возило. Сличен став изрази и директорот за развој Вернер Тих, кој нагласува дека компанијата ќе ја намали сложеноста на платформите и модулите, ќе ги забрза процесите на развој и ќе ја користи вештачката интелигенција сè повеќе. Според достапните податоци, првичниот инвестициски план од 180 милијарди евра за периодот 2024–2028 година веќе е намален. Најновите проценки зборуваат за околу 160 милијарди евра инвестиции помеѓу 2026 и 2030 година, додека на долг рок оваа сума би можела да падне на нешто над 130 милијарди евра по петгодишен циклус. Сè уште не е познато кои модели ќе бидат прекинати. Потврдено е дека „Volkswagen T-Roc Cabriolet“ ќе исчезне од понудата до 2027 година, додека „Touareg“ постепено ќе биде повлечен без директен наследник. Во исто време, Фолксваген ја разгледува и можноста за понуда на одредени модели развиени за кинескиот пазар на европските клиенти, што би можело дополнително да го забрза развојот и да ги намали трошоците. Извор:Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаОпштина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувањаОвој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања.Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања. Соработката предвидува широка палета на хуманитарни, едукативни и превентивни активности кои ќе се реализираат во директен интерес на граѓаните. Особено е значајно што претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ активно ќе бидат вклучени во консултативните процеси и работните групи при подготовката на локалните програми поврзани со здравството и социјалната заштита во општината. -Здравјето и добросостојбата на граѓаните секогаш се во фокусот на нашата локална самоуправа. Борбата со малигните заболувања не е товар што треба да се носи поединечно, туку колективна обврска во која институциите имаат должност да бидат најсилен потпирач. Со овој Меморандум со „ХЕМА-ОНКО“, ја зацврстуваме рамката за континуирана едукација и превенција, но пред сè, испраќаме силна порака до пациентите и нивните семејства: не сте сами. Нашата цел е преку заеднички активности да обезбедиме уште поголема поддршка и конкретна помош за нашите сограѓани- истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Партнерството меѓу Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ќе се реализира преку заедничко планирање и организација на едукативни трибини, работилници, јавни дебати и кампањи. Дополнително, документот отвора можност за здружено аплицирање на домашни и меѓународни повици за финансирање проекти кои се од заеднички интерес. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаУште еден „iPhone“ на црната листа, дали го поседувате?„Apple“ конечно го додаде „iPhone X“, моделот за десетгодишнината од првиот модел, на својата листа на застарени производи. Поминаа речиси девет години од неговото лансирање.Кога „Apple“ ќе прогласи уред за „застарен“, тој повеќе не е подобен за официјален сервис за хардвер. Ова значи дека овластените сервисни центри повеќе не можат да нарачуваат оригинални резервни делови за такви уреди. „Apple“ генерално ги наведува своите производи како застарени повеќе од седум години откако се прекинати. Постои исклучок за „Mac“ компјутерите: тие можат да останат подобни за сервис на батеријата до 10 години од времето кога последен пат биле продадени, но само ако потребните делови се сè уште достапни. „iPhone X“ беше претставен во 2017 година и донесе една од најголемите промени во историјата на моделот. Тоа беше првиот телефон на „Apple“ со „OLED“ дисплеј, „Face ID“ и препознатлив засек, а истовремено го означи крајот на физичкото копче „Home“ во главната линија на „iPhone“. Последното ажурирање на софтверот што го доби „iPhone X“ беше „iOS 16.7.16“, додека софтверската поддршка за 15-инчниот „MacBook Pro“ од 2018 година заврши со „macOS 15.7.7“. За сопствениците на „iPhone X“, ова не значи дека уредот ќе престане да работи преку ноќ. Телефонот сè уште може да се користи нормално, но секој сериозен хардверски дефект ќе биде многу потежок и поскап за решавање преку официјалната сервисна мрежа на „Apple“ во иднина. Извор: Б92Тагови: iPhone Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook