Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје - Канал 5

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје!

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност.

За таа цел општина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ ОБЕЗБЕДУВА СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.

На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:

Игор Петрески - 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски

Иван Симоновски - 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ

Перица Пешевски - 075336338 претставник на општина Гази Баба

Дополнително ќе обезбедиме и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје.

Нашите молитви се за здравје на повредените, но и за утеха на семејствата на загинатите.

Многу тежок ден за Македонија!

Бобан Стефковски - Градоначалник на Општина Гази Баба

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Мадона објави видео на „TikTok“ со нејзиното момче Аким Морис.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата Принцот од Бел-Ер додека свири песната „Anxiety“ од раперот Доечи. Во ова видео Мадона нема шминка на лицето.

@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety - Doechii

Таа е лежерно облечена во широки панталони, преголема кошула и јакна, додека Аким е во спортски костим.

Овој танцов тренд започна минатиот месец кога Вил Смит рекреираше сцена од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

@willsmith Waited 35 years for this dance to trend. Ib: @Mimii ♬ Anxiety - Doechii

Аким, поранешен колеџ фудбалер, ја запозна Мадона во август 2022 година, иако ја потврдија романсата две години подоцна. Мадона ја објави нивната врска во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“. Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и пречеа фотографите, на кои им го покажа средниот прст.

Извор: Индекс.хр

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

 EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне.

Фото: ЕПА

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

- Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас./МИА

притисни ентер