Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
МакедонијаСтефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина „Гази Баба“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг се обрати и истакна дел од реализираните проекти во изминатиот четиригодишен мандат.Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина „Гази Баба“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дел од реализираните проекти во изминатиот четиригодишен мандат. „Во изминативе четири години направивме многу. Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба, изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација, градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари, изградивме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а градиме нова сала и во Црешево, градиме нова училишна зграда за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме Домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и заборавен. Инвестираме и во спортот, животната средина, и социјалната заштита“, рече Стефковски. Стефковски наброи дел од проектите на изборната програма. „Во програмата се испишани реални проекти кои ќе го продолжат развојот во сите населени места низ општина Гази Баба. Во следните четири години: Ќе изградиме нови детски градинки во Керамидница, Хиподром 2 и Сингелиќ, ќе го реализираме проектот нула комуналии за изградба на куќи за млади брачни парови до 29 години, ќе изградиме училишни спортски сали во Железара, Сингелиќ, Страчинци и Ченто, ќе ги субвенционираме граѓаните за изградба на енергетско ефикасни фасади на зградите, ќе изградиме катни гаражи во Автокоманда и во Ченто, ќе отвориме дневен центар за деца и лица со попреченост, ќе изградиме затворен базен во Автокоманда, ќе ги реконструираме поголемите локални сообраќајници низ општината како што се Лазар Поп Трајков во Автокоманда, Анри Барбис и Карл Хрон во Триангла, Среќко Пужалка, Финска и Трајко Китанчев во Ченто, Пехчевска во Хиподром и многу други улици, ќе изградиме клучка кај Хиподром и ќе направиме комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102, овие проекти ќе ги реализираме во соработка со Јавното претпријатие за Државни патишта, ќе изградиме 40 нови детски забавни катчиња, насекаде низ Гази Баба, ќе изградиме два адреналински паркови. Во мојот втор мандат Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци и Ергеле ќе добијат фекална канализација, а комплетно ќе ја завршиме започнатата изградба на фекална канализација во Јурумлери, Идризово и Дрма, Чукур Маало и Гоце Делчев“, истакна Стефковски. На крај, Стефковски ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9 за работа, сигурност и развој на општината. „Да излезете и да ја направите вистинската разлика. Не само за мене, туку за себе, за вашите деца, за иднината на Гази Баба. Да го заокружите бројот 9, затоа што тоа значи работа, сигурност и развој. Јас дадената доверба ќе ја оправдам со уште повеќе труд, уште поголема одговорност и уште поголема љубов кон овој народ“, дециден е Стефковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook