ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
2ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
Други спортовиСтефановски најавува победа и во Чешка Македонскиот ас Игор Стефановски - Иџе ќе се обиде да ги избрише лошите сеќавања од патеката „Еце Хомо“ во Штернберк, Чешка и да ја продолжи низата победи на теренот на најголемите конкуренти. По тринеделна пауза продолжува европската авантура на најдобриот македонски спортски амбасадор, Стефановски, кој со своето Mitsubishi Lancer EVO IX викендов го очекува петтата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки.Македонскиот автомобилст успешно ја брани минатогодишната шампионска титула во ова првенство со четири победи во исто толку трки сезонава за 100-процентен резултат. Патеката „Еце Хомо“ не му е во добро сеќавање на Иџе. Лани таму со тешки маки стигна до второто место во својата група Н откако во текот на саботата и неделата имаше дури три судари со заштитната ограда. - Чудна и зла патека е Еце Хомо. Не беа само сударите лани, туку од тие оштетувања почнаа компликациите во продолжението на сезоната и многу драматични моменти кога бевме блиску до откажување. Минатата, дебитантска година го плативме данокот на неискуството и направивме лош избор на гуми за таа трка. Овојпат, направивме анализа со спонзорот „Мотоцентар“ кој е наш официјален добавувач на пневматици околу тоа која компонента најмногу би одговарала на таа патека и се надевам дека овојпат го имаме вистинскиот избор, вели Стефановски. Инаку, во текот на оваа недела, тимот на нашиот автомобилст најпрвин престојуваше во Полска, во специјализираниот сервис “4 Турбо“ каде што беше извршен преглед на возилото и беше заменета турбината која на претходните трки функционираше со 75% од можностите. - За жал и сега возилото не е целосно подготвено и до максималната сила му недостасуваат 20 „коња“. Пред сервисот во Катовице бев во Прага каде ми беше поправен предниот амортизер. Факт е дека домашните возачи, Лос, Јерман, останатите ќе имаат дополнителна мотивација да се докажат против мене пред нивната домашна публика, но ние не го менуваме нашиот план. Останува како и досега – одиме на победа и евентуално напад на рекордот на патеката во мојата група. Мислам дека ако не беа минатогодишните проблеми немаше да загубам од Лос, изјави Стефановски. За трката вкупно се пријавени 117 натпреварувачи. Се работи за многу брза патека со просек од 125 километри на час. Долга е 7.800 метри, а асфалтот е лизгав и мазен што при повисоки температури значително ги троши гумите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1). Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната. Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-РесенМинистерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развиваОние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион. Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа. Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки. Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании. Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против. Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан. Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат. Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16