СветСтефанчук: На Украина и се потребни цврсти безбедносни гаранции и одвраќање на агресоротСтефанчук, изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за неговата намера да постигне мир.Секое решение за Украина мора да обезбеди заштита на нејзините граѓани, враќање на нејзиниот територијален интегритет и одвраќање на агресорите, изјави Руслан Стефанчук, претседателот на украинскиот парламент, Врховната рада, по средбата со американскиот секретар за копнени сили, Даниел Дрискол, денеска во Киев. „На Украина ѝ се потребни праведен мир, сигурни безбедносни гаранции и ефикасно одвраќање на агресорите“, рече Стефанчук во објава на Фејсбук по средбата. Тој нагласи дека првата посета на функционер од ова ниво на Украина по повеќе од 25 години е важен сигнал во време кога Русија „води брутална и непринципиелна“ војна. Стефанчук, исто така, изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за неговата намера да постигне мир. „Украина ја цени поддршката од Соединетите Американски Држави и со нетрпение очекува понатамошни чекори што ќе ја зајакнат нашата одбрана и ќе ја зголемат заштитата од руска агресија“, заклучи Стефанчук. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потврди дека е подготвен да соработува со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на нејзиниот нов план за мир во Украина. Зеленски во објава на Телеграм изјави дека украинските и американските тимови ќе работат на мировен план од 28 точки за завршување на војната. Според американскиот „Аксиос“, планот предвидува големи отстапки од Украина, вклучително и предавање на териториите што моментално ги контролира Русија. Сепак, наместо целосно да го отфрли, Зеленски, според американскиот портал, се согласил на преговори, а неговиот кабинет изјавил дека очекува да разговара со претседателот Трамп во наредните денови. Тагови: украина Стефанчук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаФон дер Лајен во СкопјеПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата. Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени. – Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски. Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 2.октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 2. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот. Кариера На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте. Здравје Чувствителност на дигестивниот систем. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше. Кариера Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие. Здравје Ќе сонувате интересни соништа. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро. Кариера Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка. Здравје Ви се зголемува апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот. Кариера Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни. Здравје Не претерувајте со благото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот. Кариера Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања. Здравје Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува. Кариера Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите. Здравје Најдете соодвета техника за релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови . Кариера Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост. Здравје Бидете среќни. Бик 21.4- 20.5. Љубов На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот. Кариера Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација. Здравје Опуштете се во разговор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните. Кариера Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство. Здравје Треба да се биде реален. Рак 22.6-22.7. Љубов Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место. Кариера Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот. Здравје Замор. Лав 23.7-22.8. Љубов Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни. Кариера Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете. Здравје Ќе бидете креативни во изразувањето. Девица 23.8.-23.9. Љубов Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи. Здравје Немојте да се срамите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаКостадин Ацевски и Љуљзим Фаризи во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Костадин Ацевски и Љуљзим Фаризи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00