Стечајците од ОХИС бараат исплата на платите

Ќе продолжи ли Екоцентар 97 да го чисти хемискиот отпад од Охис, денеска одлучува Собранието на доверители.

Со мирен протест бившите вработени бараат тоа да не се дозволи.

Сметаат дека фирмата нема доволно капацитет да ја извршува работата, бидејќи не успеале во рокот кој сами си го задале да ги дислоцираат токсичните отпади.Бараат да се одбере друга фирма, а парите кои ги добила Екоцентар 97 да се вратат.

Станува збор за околу 2 милиони евра, пари кои се доволни за исплата на годишна плата за илјада охисовци.

„Сами си назначија рок дека ќе дислоцираат и но штом не е направено значи не се професионални.Може да се каже фирмата сметаме дека не е професионална толку за вакви хемиски дејанија, а нас не чуди незавршена работа, а пари им се префрлени, мислиме дека треба да вратат и да влезат во стечајна маса и да се поделат на бившите вработени.“,вели Драгољуб Цветковски, стечаец од ОХИС.

Последниов период Охис често е во фокусот на јавноста, особено по инцидентот кој се случи пред извеен период кога се излеа вода со која се чистел метил акрилатот.

Надлежните дури и ги отворија портите на Охис, со цел да уверат дека нема простор за паника.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер