КултураСтаврески: „Исцелител“ е филм за рушењето на рационалните вредностиВчудовиден од тоа колку се пропаднати рационалните и здрави вредности, кога луѓето ја загубиле довербата во медицината, дури и во теоријата на еволуцијата, и повеќе им веруваат на исцелители и теории на заговори, во исто време пропаѓајќи во сиромаштија, го поттикнало младиот режисер Ѓорче Ставрески да ја напише и пренесе на филм приказната за својот прв долгометражен игран филм. По светската премиера во Солун и синоќешната во Скопје, Ставрески денеска на прес-конференција со дел од актерската екипа ги кажа мотивите за приказната. Сценариото почнал да го пишува во 2010 година и тоа се развивало речиси седум години. Почнал да ја пишува како драма, но потоа ја направил во жанрот што го сака - црна комедија. - Сакав да направам филм кој зборува за рушењето на рационалните вредности на кои треба да се базира едно општество, особено здравството. Таму ни е најголемата шанса за помош, а ние сега ја немаме таа шанса. Тоа ми беше најголемата мака, рече Ставрески. Куриозитет е што неговиот прв долгометражен игран филм е и прва македонско-грчка копродукција во која финансиски помогна Грчкиот филмски центар. Соработката, рече Ставрески, почнала со познанството со Константина Ставрианоу од копродукцијата GRAAL S.A. од Атина, на работилница за продуценти на EAVE. - Имавме многу добар шарм кој се створи околу филмот на таа школа. Копродуцентката Ставрианоу беше одушевена од филмот и неколку пати инсистираше да разговараме и станавме пријатели. Не верував дека филмот ќе земе пари од Грција, особено не за македонски филм, зашто тие беа во најголемите кризи, кога ги контролираа парите. На пример, филмот не доби пари од Словенија или од Бугарија каде што аплициравме пред да аплицираме во Грција, Но, добивме пари токму од Грчкиот филмски центар. Тоа беше убава приказна со Грците и сум горд на тоа што е прва таква соработка, истакна Ставрески. Актерот Анастас Тановски, кој во филмот го игра ликот на болниот татко Саздо, рече дека нема мали теми и секоја приказна за себе е голема приказна. - Така и јас тргнав во градењето на мојата ролја - дека сите сме свој космос за себе и кога космосите ќе се судрат меѓу себе, тоа е феномен, рече Тановски, додавајќи дека еден тежок жанр како што е црната комедија успеале да го направат доста пристоен и дека овој филм ќе поттикне и други млади режисери да прават филмови за мали приказни. Благој Веселинов кој го игра синот (Веле) што е во потрага по делотворниот лек, рече дека ова му е прв сериозен проект во кој има одговорна задача на главен лик. За да го долови ликот од тој социјален слој, поминувал многу време со вработените во Железничкото депо иако, рече, потекнува од работничко семејство и таа средина не му е непозната. - Темата ме допира како и секој друг во оваа држава во која сиромаштијата е наше секојдневие. Влегов несигурно во една многу сигурно подготвена средина за градење на ликот, додаде Веселинов. Според актерот Аксел Мехмет, токму пренесувањето на таа сеприсутна сиромаштија на филм е тешка задача зашто, рече, во Скопје може во секој момент секој лесно да ја слика со телефон. - Вакви теми има многу и има многу обиди да се сними сиромаштијата. Но ова не е само меланхолична слика, туку драматуршки и режисерски стокмен филм, рече Мехмет. На филмот му претстојат гостувања на фестивали во Естонија, Индија, Белгија и во Санта Барбара, САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
СветВиткоф и Кушнер пристигнаа во Киев, прв пат од почетокот на војната Специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Нивното пристигнување доаѓа по значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Виткоф и Кушнер патуваа со воз од Полска, каде што претходно слетаа во Жешов. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
МакедонијаФинец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми Фински државјанин синоќа пријавил дека му е оштетено ветробранското стакло на Мерцедесот, кој бил паркиран на Бит пазар во Скопје. На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки. Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава24 годишната Доминиканка Џохира Мола е новата Мис на светот (ВИДЕО)Претставничката на Доминиканската Република, 24-годишната Џохири Мола, е новата Мис на светот.Таа ја освои круната на крајот од 73-то издание на изборот за Мис на светот што се одржа во Виетнам. Мола ја зеде круната од минатогодишната победничка, Тајландката Сучата Чуангсри. Шпанката Елизабет Рејнес беше прогласена за прва придружничка, а претставничката на Малезија Таанусија Чети беше втора придружничка. Која е новата Мис на светот? Новата Мис на светот доаѓа од Санто Доминго, а покрај нејзината кариера како модел, таа се издвојува по своето образование и општествена вклученост. Дипломирала бизнис менаџмент и администрација на Универзитетот во Ибероамерика (UNIBE), а се занимава и со образование и хуманитарна работа. Нејзиниот пат до светската круна започна со нејзината победа на националниот избор за Мис Мундо Доминикана 2025 во Пунта Кана. По таа победа, таа зборуваше за поддршката што ја добила за време на натпреварот. „Му благодарам на Бога, ова е жив доказ дека границите не постојат. Поддршката што ја добив од првиот ден, кога на прес-конференцијата објавив дека ќе учествувам, беше неверојатна. Сите беа со мене на секој чекор“, рече таа тогаш. Победата на Мола има посебно значење за нејзината земја. Таа е само втората претставничка на Доминиканската Република што ја освоила титулата Мис на светот. Пред неа, Маријасела Алварез успеа во ова во 1982 година, па земјата чекаше повеќе од четири децении за нова круна.Тагови: Мис на светот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter