Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
1Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
КошаркаСтартува ТОП 16 фазата во кошаркарската ЕвролигаСо натпреварот меѓу Химки и ЦСКА Москва ќе почне вториот дел од кошаркарската Евролига или популарниот ТОП 16. Ова е еден од трите натпревари што се играат денеска. Покрај овој дуел денеска играат уште: Олимпијакос – Барселона и Уникаха – Дарушафака. Утре на програмата се пет натпревари: Ефес Пилсен – Црвена Звезда, Жалгирис – Лаборал, Цедевита – Локомотив Кубан, Фенербахче – Панатианикос и Реал Мадрид – Бамберг. Шеснаесетте екипи се поделени во две групи: Уникаха, Дарушафака, Цедевита, Локомотив Кубан, Ефес Пилсен, Црвена Звезда, Фенербахче, Панатинаикос (Е група), Реал Мадрид, Бамберг, Жалгирис, Лаборал, Олимпијакос, Барселона, Химки и ЦСКА (Ф група). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook