Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
2Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
3PEUGEOT го претставува својот нов дизајн на изложбениот простор на саемот за автомобили во париз 2026
МакедонијаСтаровиќ: Вторник ќе биде ден на жалост во Србија поради трагедијата во КочаниСочуство за големат трагедија во Кочани изразуват сите лидери од регионот и од Европа. Србија најави дека најмалку што може да направи во овој момент како братскка земја е на утрешната седница Владата, на предлог на претседателот, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Македонија. Воедно на својот профил на социјалните мрежи Вучиќ објави дека тој остварил телефонски разговор со претседателаката Силјановска во кој изразил сочуство но и дека понудил а Македонија прифатила да се испрати како помош хликоптер и други медицинкси транспортни средства и лекарски тимови како и подготвеност во воено медицинкста академија во Белград да се примат дел од повредените. -Понудив, во име на Србија, а претседателот на Северна Македонија прифати, да се испратат хеликоптери и други медицински транспортни возила, медицински тимови како помош, како и да се примат голем број од повредените во трагедијата во Кочани во болниците во Србија. Медицински тимови кои се подготвени да помогант веќе се форморани и во соседна Бугари објави на социјалните медиуми тамошниот претседател Румен Радев -Бугарија веќе предложи помош во форма на лекување на настраданите од пожарот. Наредив целосна подготвеност за прием во клиничките установи во градовите Софија и Варна. Бугарските воздухопловни сили се во состојба на готовноста за транспорт на оние на кои им е потребно лекување. Од регионот од сите лидери пристигна сочуство за трагедијата. Грчкиот премиер Мицотакис преку платформата икс изрази искрено сочуство до народот во Македонија. На повредените им посака брзо закрепнување и напиша дека се подготвени да помогнат во ова тешко време а сочуство му изразил и шефот на грчката дипломатија Гераптридис во телефонски разгвор со првиот човек на македонското МНР Муцунски Албанскиот претедател Бегај исто така објави дека изразува длабоко сочуство до семејствата кои ги загубиле најблиските а со свој пост се огласи и премиерот на Албанија Еди Рама кој покрај сочуството потенцираше дека земјата е подготвена да понуди било каква помош доколку е потребно. Од регионот со свои постови на социјалните мрежи сочуство иразија и хрватскиот премиер Ангредј Пленковиќ, премиерот на Словенија Роберт Голоб, премерот на косово Албин Курти како и од членовите на претседателството на босна и херцеговина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани. -Сакам да изразам најдлабоко сочувство до премиерот Христијан Мицкоски и македонскиот народ поради трагичниот пожар што избувна вчера во Кочани, напиша Орбан. Сочуство присигна и од претедателот на Украина Зеленски како и од целотодржавно раководство -На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина ја споделува тагата со нашите македонски пријатели на овој тажен ден, напиша Зеленски Европа тагува со вас на овој трагичен ден. Пристигнаа изрази на жалење од претсавници ан европската унија. На своите профили со неизмерна тага постови објавија претседателот на европскиот совет Антонио Коста, претседателката на европскиот парламент роберта мецола како и првиот човек на Светската здравсена организација Ханс Клуге кој напиша дека се подготвени да обезбедат медицинак и ментална здравстена поддршка. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметуваФилипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега? Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче. Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало. Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник. Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел? Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи. Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЗабаваФото: Убавата Емили блесна на филмска премиераЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“. Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува. Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили. Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“. Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември. Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Жена без ниту една маана, Ријана воодушеви во секси долна облекаСветската музичка ѕвезда Ријана уште еднаш „покаже “ дека е Жена без ниту една маана. Атрактивната Рири се соблече по гаќички и ги покажа своите бујни прекрасни облини. Уште едно провокативно издание на Ријана остави многумина без зборови. Таа се соблече по долна облека и ги покажа своите прекрасни облини. Иако не е активна во музичкиот свет, пејачката Ријана ја пронајде среќата во бизнисменките води. Таа е горда сопственичка на брендот за убавина и мода „Fenty“, а активна е и на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии од своето приватно опкружување и не е тајна дека го користи своето влијание на мрежите за да го промовира својот бренд. Така, таа неодамна објави збирка фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции ширум светот. Како што може да се види, таа гордо позираше во црвена долна облека што ги истакнуваше нејзините атрибути. Во преден план беа нејзините бујни гради и прекрасни облини, а не смее да се изостави ниту нејзината секси поза што ја заокружи оваа сензационална сцена.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54