Стармер денеска во Никозија, прва посета на британски премиер на Кипар по 53 години - Канал 5

Стармер денеска во Никозија, прва посета на британски премиер на Кипар по 53 години

Стармер е во еднодневна работна посета на Никозија во рамките на неговата турнеја во регионот и е прва билатерална посета на британски премиер на Кипар од 1971 година.

Стармер денеска во Никозија, прва посета на британски премиер на Кипар по 53 години

Билатералните односи во рамките на стратешкиот дијалог меѓу Република Кипар и Велика Британија, вклучувајќи ги темите за соработка во областа на одбраната и безбедноста, образованието, културата, економијата, трговијата, инвестиции и енергија, како и кипарското прашање се очекува да бидат на агендата разговори на кипарскиот претседател Никос Христодулидис и британскиот премиер Кир Стармер на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Стармер е во еднодневна работна посета на Никозија во рамките на неговата турнеја во регионот и е прва билатерална посета на британски премиер на Кипар од 1971 година.

Од кабинетот на кипарскиот претседател соопштија дека „средбата на претседателот Христодулидис со британскиот премиер е уште еден многу важен развој на одличните односи меѓу Кипар и Обединетото Кралство, кои дополнително се зајакнаа и влегоа во нов конструктивен период во рамките на нивната стратешка соработка“.

На средбата, освен за билатералните односи во рамките на стратешкиот дијалог, се очекува Христодулидис и Стармер да разговараат и за кипарското прашање и напорите за рестартирање на преговорите, како и за миграцијата, ситуацијата во Украина, но и односите на Европската унија со Велика Британија.

Средбата во Никозија е нешто помалку од два месеци по средбата на Стармер и Христодулидис во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер