Стаорци изеле повеќе од милион рупии (видео)

Стаорците кои се вовлекле во банкомат во индиската држава Асам, изеле повеќе од 1.2 милиони рупии (18.000 долари), соопшти полицијата.

Необичниот случај е откриен кога клиентите се пожалиле дека банкоматот не работи и не исфрла пари.

Шефот на полицијата, Мугдаџуоти Дев Маханта, изјавил дека вработените во банката “минатата недела го прегледале банкоматот и пронашле мртов стаорец и искинати банкноти“.

Полицијата спровела истрага и не пронашла траги од “кривично дело или завера“.

„Изгледа стаорци влегле во машината низ малиот отвор за кабли“ – се наведува во соопштението.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер