Стано: ЕУ нема да одбие рационална понуда од Москва за соработка во борбата против тероризмот - Канал 5

Стано: ЕУ нема да одбие рационална понуда од Москва за соработка во борбата против тероризмот

Европската Унија е подготвена на соработка во борбата против тероризмот со Русија, доколку добие предлог за тоа базиран на рационална основа и на почитување на меѓународните правила, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.

Стано: ЕУ нема да одбие рационална понуда од Москва за соработка во борбата против тероризмот

Европската Унија е подготвена на соработка во борбата против тероризмот со Русија, доколку добие предлог за тоа базиран на рационална основа и на почитување на меѓународните правила, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

Во одговор на новинарско прашање за евентуалната можност за некаква соработка меѓу ЕУ и Русија за борба против тероризам по терористичките напади во Москва, Стано потсети дека по стартот на руската агресија врз Украина, Унијата ја суспендира сета соработка со Русија поради нејзино непочитување на меѓународното и хуманитарното право и на Повелбата на ОН.

- Сепак, ние бевме многу јасни во осудата на она што се случи во Москва. За нас нема сомнеж дека тоа беа терористички напади. Ако Москва излезе со предлог, кој има рационална основа и се базира на почитување на меѓународните правила, Европската Унија нема да рече „Не“. Но, во овој момент ние се соочуваме со режим кој ја вовлече и ја држи земјата во илегална војна и режим кој го репресира своето население со голем број мерки, па затоа би било тешко да се замили која би била основата на таа соработка, изјави Стано, додавајќи дека ЕУ е еден од најодговорните меѓународни партнери кога станува збор за соработка во борбата против тероризмот.

Тој потенцира дека оваа не се први терористички напади на територија на Русија и ниту еден од нив не бил расчистен со соодветна истрага.

- Тоа отвора многу прашања во врска со однесувањето на властите, додаде Стано.

Тој истакна и дека ЕУ ја повикува Владата на Русија да не ги користи терористичките напади во Москва како изговор за засилување на илегалната агресија врз Украина или за зголемување на внатрешната репресија во земјата.

Според него, ЕУ изразува и загриженост поради обидите на претставници на режимот во Москва да ги поврзат двата терористички напади со Украина и целосно ги отфрла таквите тврдења.

- Нема никакви индикации, никаков доказ или што и да е друго, што би укажало дека Украина е поврзана со нападите на кој било начин, додаде Стано.

Во врска со евентуалното зголемување на нивото на безбедносна закана во ЕУ како реакција на нападите, портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд изјави дека безбедноста на Европа е приоритет за Европската комисија и дека таа презела повеќе мерки за зајакнување на сигурноста, но дека носењето одлука за подигнување на степенот на безбедносна закана е во ингеренција на земјите членки, што некои од нив веќе и го сториле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер