Детето во семејниот автомобил пронашло метални топчиња и ги ставило во уста, без воопшто да знае за тоа нејзината мајка Хана (29), пренесува Метро.
„Срцето ми е скршено“
Неколку дена подоцна Хана се загрижила кога Араи почнала да повраќа, па ја однела во општата болница Нортхемптон во Англија. Детето во меѓувреме почнало да се гуши и итно ѝ била укажана помош.
Лекарите откриле метални топчиња, поврзани во стомакот и немало друг избор освен да организираат операција.
"Бев апсолутно преплашена. Следното утро ја однесоа во болницата во Лестер и беше оперирана. ѝ извадија шест магнети од стомакот. Срцето ми е скршено и се чувствувам виновна бидејќи не знаев што се случи", рекла мајката.
Мајката води кампања
Лекарите рекоа дека Араи имала среќа, бидејќи магнетите ѝ ги блокирале цревата и биле принудени да ѝ отстранат дел од мочниот меур и цревата за време на седумчасовна хируршка интервенција.
„Од болката не јадеше многу, па беше наредена интравенска парентерална исхрана“, вели Хана.
Очајна мајка води кампања за забрана на продажба на метални топчиња, или магнети, кои нејзиното дете ги проголтало.
"Не сакам другите родители да поминат низ ова. Тоа е најлошиот кошмар. Овие работи треба да се забранат сега, пред детето да биде хоспитализирано. Не сфаќате каква штета можат да направат", рекла Хана.