МакедонијаСтандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курсВо делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна.Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка (НБ), којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед, посочуваат од НБ. Во извештајот, како што велат од НБ, се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност. Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото. Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5 проценти во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3 проценти од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем, посочуваат од НБ.Тагови: Стандард и Пурс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛицето на Кристина Агилера главна тема на интернет,изгледа „мазно“ и младоликоЛицето на светската музичка ѕвезда, русокосата пејачка Кристина Агилера е главна тема на социјалните мрежи.Атрактивната Кристина блесна на гала-вечер во Монако во креација на „Версаче“, а вниманието го привлече еден детал во нејзината шминка што ѝ го освежи изгледот. Познатата пејачка блескаше на гала настан во Монако, појавувајќи се во елегантна креација на Версаче која го привлече вниманието на присутните. Гала вечерата на Фондацијата на принцот Алберт II од Монако собра бројни познати личности од светот на уметноста и јавниот живот, вклучувајќи ја и американската пејачка. За таа пригода, Агилера избра софистицирана вечерна тоалета која го прегрнуваше нејзиното тело и ја нагласуваше нејзината фигура. Дизајнот ја спојуваше класичната елеганција со модерниот гламур, а длабокиот шлиц и длабокото деколте особено се истакнуваа. Карактеристичен детаљ на деколтето дополнително го надополни монохроматскиот изглед, давајќи му на фустанот впечатлив изглед. Пејачката го надополни својот изглед со волуменозна фризура со крупни локни, додека шминката се потпираше на неутрални тонови во комбинација со нејзиниот препознатлив црн ајлајнер. Посебно внимание привлече и начинот на нанесување на руменилото; нагласените образи создадоа ефект на „нежен гламур“ (soft glam), истовремено давајќи ѝ видливо посвеж и помладешки изглед. Овој специфичен детал од шминката привлече многу погледи, а изгледот на Агилера во Монако уште еднаш покажа како еден едноставен потег во разубавувањето може значително да го трансформира целокупниот изглед, пренесува Superzena.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЖивотМајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“Мајката на милијардерот Илон Маск, Меј Маск откри дека, додека е во посета на својот син Илон во Тексас, ѝ дека и одговара живот без луксуз, па затоа ноќите ги поминува на кауч или на душек на подот.Мајката на Илон Маск, 78-годишната Меј Маск, откри дека понекогаш спие во гаражата кога го посетува својот син во Тексас. За жена која со децении е присутна во јавноста и која го одгледала еден од најпознатите светски милијардери, ваквиот начин на живот можеби изгледа необично, но за неа тој е сосема нормален. Меј Маск вели дека луксузот никогаш не ѝ бил приоритет. Таа израснала кампувајќи во пустината Калахари, па скромните услови за живот не се ништо ново за неа. „Ако имам кауч или душек на подот, сосема ми е добро“, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“. При посетите на „Старбејс“ во Тексас – комплекс поврзан со развојот на ракети и операциите за лансирање на компанијата „Спејс-икс“ (Space Exploration Technologies Corp.) – гаражата станува местото каде што таа спие. Меј претходно изјави дека поседувањето конвенционален луксузен дом во непосредна близина на ракетната база не е практично. Нејзината животна приказна е далеку од едноставна. По разводот од Ерол Маск, таа сама ги одгледала трите деца – Илон, Кимбал Маск и Тоска Маск – додека истовремено работела на повеќе работни места.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПентагон објави уште 71 документ за НЛОАмериканскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО).Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи десетици досиеја со детали за воена програма во чии рамки биле нарачани студии за „ворп“ погони – системи за движење со брзина поголема од брзината на светлината – како и за црвоточини и за повреди што истражувачите ги поврзувале со можни средби со непознати летала. Пентагон објави вкупно 71 документ; 67 од нив беа обезбедени од Министерството за одбрана, додека четири потекнуваат од локални органи за спроведување на законот во Колорадо, пренесува CBS. Објавениот материјал вклучува 55 PDF-датотеки, 15 видео-датотеки и една аудио-датотека, а документите датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година, според агенцијата Танјуг. Новообјавените документи за НЛО се однесуваат на тајна американска воена иницијатива позната како „Програма за примена на напредни системи за воздушно-вселенско оружје“ (Advanced Aerospace Weapon System Applications Program), која била формирана од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година и била активна до 2012 година. Иако повеќето референтни документи на одбранбеното разузнавање разгледуваат идеи што граничат со научна фантастика, еден документ претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година, во која се анализираат „докази за ненамерни повреди кај човечки набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“. Во тој документ, истражувачите наведуваат дека „тројца претходно здрави и активни поединци доживеале аномален (нерегуларен, невообичаен и неконзистентен со нивната област на работа) настан поврзан со воздушно-вселенски системи“, по што развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина на кожата, црвенило и опаѓање на косата. Кај еден од поединците се појавиле „знаци на радијациона болест“ и, „во текот на неколку години, се развиле знаци на малигна трансформација“. Во извештајот се наведува дека е „прецизно евидентиран доволен број инциденти/несреќи“ и дека се „собрани медицински податоци што ја поткрепуваат хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи“, чиј начин на функционирање останува нејасен за Соединетите Држави. Повеќето од видеата во објавените документи наликуваат на оние од претходните соопштенија, прикажувајќи нејасни снимки од необјаснети објекти забележани од воени камери; еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува беспилотно летало што се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час. Придружниот извештај за средбата наведува дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини; екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“. Друго видео, снимено над Блискиот Исток, прикажува „шест мали сферични објекти“ кои делувале „агилно“ и често ја менувале насоката на движење. Четири видеа потекнуваат од локални служби за спроведување на законот во Колорадо, кои доставиле извештаи до канцеларијата на Пентагон; една делумно заматена снимка била направена со камера од мобилен телефон во октомври 2023 година. „Службеникот што го поднел извештајот го опишал феноменот како ‚тивок‘ и како ‚црвени, сини и зелени трепкачки светла‘“, наведува американската војска во белешките што ја придружуваат една од снимките. Објавените документи вклучуваат едночасовна аудиоснимка и транскрипт од изјавите дадени во 1952 година од страна на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт; во нив тој ја објаснува истрагата на службата за инциденти поврзани со НЛО и истакнува дека околу 20 проценти од 800-те пријави за НЛО, истражени од Военото воздухопловство, остануваат мистерија. На 14 септември, Пентагон објави воведување правен исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени – кои претходно биле обврзани со договори за доверливост – да споделуваат информации поврзани со истражувањето на НЛО со владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter