Станари се жалат на низа неисполнети законски обврски на инвеститор на зграда во Ѓорче П. - Канал 5

Станари се жалат на низа неисполнети законски обврски на инвеститор на зграда во Ѓорче П.

Стотина станари од зграда во скопската населба Ѓорче Петров преку допис испратен до 12 институции во земјава, се жалат на низа неисполнети законски обврски од инвеститорот на објектот. Дописот го испатија и до редакцијата на Канал 5.

Станари се жалат на низа неисполнети законски обврски на инвеститор на зграда во Ѓорче П.

Најголем дел од нив, како што велат, се вселиле пред 4 години. Иако во нивните преддоговори било експлицитно наведено дека имотните листови ќе ги добијат веднаш штом им биде предаден станот, тоа се уште не се случило. Станарите велат дека проблемот е поради немањето употребна дозвола и технички прием на објектот.

Она што дополнително ги загрижува била безбедноста во самиот објект – како на пример за 400 станари во 120 станови има само еден влез и еден лифт.

-Имотните листови се први и најважни да ги имаме затоа што без имотни листови ние немаме никаква документација, никој од нас не може да си ги оствари правата за докоментација, за патна исправа, за лична карта за возачка дозвола. Некој може сака да го продаде станот, не му се живее тука ништо од тоа не може да оствариме. Ние немаме никаков противпожарен систем ниту за дојава, ниту црева, ниту хидранти ништо немаме буквално. Не дај боже да се запали нешто ќе гледате страшна трагедија,- Слободан Стојков.

-Јас точно го платив станот 28 декември 2016 година. Денеска сме 25 година април месец јас немам никаков имотен лист. Освен имотните листови нас втор приоритет ни е безбедноста во зградата. Ние фактички фунционираме со едни скали 400 лица, имаме еден лифт за кој што се уште не сме ни сигурни дали има некаква техничка употребна дозвола,- Бранкица Анѓелевска.

Станарите се пожалија и дека од самото вселување во зградата затекнале хаотична состојба, неостранети градежни материјали, недовршени инсталации, проблеми со подрумските бунари за вода кои самите делумно ги санирале, а за кое велат, вложиле иљадници евра.

За случајот во тек се 15 тина судски спорови кои се во тек. Според застапникот на станарите Јанаки Митровски изведувачот со години на различни начини се обидувал да ги избегне своите законски обврски.

-Истиот е цело време со оправдување дека не е можно да ги заврши што од недостиг на средства, што од други причини, а има средства за 15 постапки да ангажира адвокатска канцеларија и воедно се служи со едни перфидни и евтини штосови, а тоа е да отвара пред стечајна постапка. Јанаки Митровски.

Изведувачот на објектот Мулти Офис ДООЕЛ категорично ги негира наводите на станарите, а уписот во Катастар бил пролонгиран поради некомплетирани согласности од банките. Тврди дека за зградата поседуваат целосна градежно-техничка документација.

-Се работи за зграда со станови на кои има станбени кредити и извшитeли од банка под стечај. Од триесетина станари останати се уште неколку кои се во процес на рефинансирање на нивните кредити во други банки, а ние сме во постојан контакт со нив. Напоменуваме за да може една зграда да се впише во Катастар, треба да има согласност од сите банки даватели на станбени кредити и не смее да има постапки пред извршител. Од страна на нашата фирма во тој влез поставивме противпожарни средства според проект, меѓутоа истите за многу кратко време се украдени. Сметаме дека судот е тој што треба да ја подели правдата, а никако не изјавите на станарите кои напоменувам дека се во потполност неточни. – соопштија за Канал 5 од Мулти ОФИС ДООЕЛ.

Станарите велат дека по дописот до сега одговор добиле од ЗЕЛС. Оттаму им било посочено дека за случајот е известен Управниот инспекторат, но инспектори на терен се уште немало. Токму од ЗЕЛС по пожарот во Кочани, најавија засилени вонредни инспекциски контроли и проверка на противпожарните средства во стамбените објекти во земјава.

Само во о.Карпош, досегашната контрола покажа дека 1 од 800 згради ги исполнувала законските прописи за безбедност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер