Стампедо за графичка картичка во САД, гејмерите од рани зори „ на готовс“ (ВИДЕО) - Канал 5

Стампедо за графичка картичка во САД, гејмерите од рани зори „ на готовс“ (ВИДЕО)

Комбинацијата од лошо снабдување поради пандемијата и сè пострашната фасцинација на планетата со крипто-рударството значи дека е тешко да се дојде до нова графичка картичка во моментов.

Стампедо за графичка картичка во САД, гејмерите од рани зори „ на готовс“ (ВИДЕО)

И, ако се прашувате колку е тешко, погледнете ја оваа ситуација пред продавницата на Микро Центар во Далас.

Видеото подолу, снимено од PrestonALewis, трае 50 минути, но навистина се интересни првите пет, каде што се гледа како се формира огромна гужва на паркингот на продавницата, пред да се појави персоналот да им каже на сите дека може да се купи само еден картичка по домаќинство.

„Дали ќе има доволно за сите нас?“

„Не!“

Потоа, кога вратите се отвораат (околу 3:55 часот), почнува човечкото стампедо.

YouTube video

Изминатите 12 месеци беа пеколни за компјутерските гејмери ​​кои се обидоа да го надградат својот систем, бидејќи глобалниот недостиг на силиконски чипови влијаеше врз производството на графичкиот процесор. И тогаш, кога картичките ќе го најдат својот пат до пазарот, тие се грабнати од крипто-рудари, на кои им е потребна напредна моќ за да продолжат со ископување на своите биткоини.

Ова не само што ја отежнува достапноста до картичките, туку ја зголемува до невидени размери цената на достапните картички, така што сите картички што не ги купуваат „рударите“ или гејмерите ​​ги добиваат препродавачи, кои се обидувааат да ги продадат картичките на пазарите за двојно, па дури и тројно зголемена цена.

Она што навистина загрижува е дека недостатокот на силиконски чипови не се очекува да заврши наскоро, ниту заблудата за крипто-рударството, така што нема надеж за оние што сакаат да платат малопродажна цена и да играат игри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанско

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. 

Голем пожар на плац на автобуската компанија  во близина на селото Тркање, кочанско

Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа .

Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер