Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата
2Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
АвтомобилизамСталоне го продава својот суперлуксузен Кадилак (ВИДЕО)По помалку од 1.600 поминати километри, легендарниот ,,Рамбо” реши да се збогува од луксузниот „Кадилак“. Цената не е за секого.Супер луксузниот „Кадилак“ се продава за 350.000 долари, што е за пет пати повеќе од моделот на кој се базира. Но, станува збор за многу пати додаван луксуз. Римејкот е потпишан од реномираната компанија во Калифорнија, Бекер Аутомотив Дизајн, а Рамбо, наводно, платил дури 408,000 долaри за надополнувањата.. View this post on Instagram A proud Becker delivery to @officialslystallone A post shared by Becker Automotive Designs Inc. (@beckerautomotive) on Jun 19, 2020 at 9:55am PDT Внатре има врвен луксуз што е тешко да се опише со зборови. Ќе ги спомнеме само кожните фотелји со електричен погон, вентилација и масажа и потпирач за нозете. За поудобен престој, има и hi-fi аудио систем, 43-инчен ТВ, скапоцено дрво и електрично управувани завеси. Секако, патниците на „помошните“ седишта имаат и свои екрани, но и луксуз за кој обичните смртници можат само да сонуваат. View this post on Instagram Becker 20” Stretched Cadillac Escalade ESV. With lengthened rear doors. A post shared by Becker Automotive Designs Inc. (@beckerautomotive) on Jun 20, 2020 at 10:05am PDT И за да ги подобри работите за обожавателите на Сталоне, во описот на Бекер се наведува дека славниот актер бил вклучен во дизајнирањето на возилото. Слај, исто така, објасни зошто решил толку брзо да го продаде возилото. „Нарачав ESV (Escalade Stretch Vehicle) од Бекер за специјална намена, и бидејќи моите приоритети се променија во последно време, повеќе не ми треба ова убаво возило“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонијао. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востаниеДенес на големиот македонски празник „11 Октомври“ кој е симбол на македонската борба за слобода, во име на градоначалникот на Општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони претседателот на Советот Бојан Бојкоски.Пред споменикот на НОАВМ свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинскиот сојуз на борци, претставници на политичките партии, како и здруженија на граѓани, оддавајки им почит на сите народни херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. 11 октомври 1941 година е настан од клучен историски момент, односно синоним за отпорот на македонскиот народ, датум кој симболизира официјален почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна. Тој е важен темел во борбата за самобитност и самостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаНиколоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата„Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените, оддавајќи им почит на сите оние кои се бореле против фашизмот и придонеле за создавањето на македонската држава. По повод празникот, Николоски упати честитка до граѓаните на Македонија, истакнувајќи го историското значење на 11 Октомври и жртвата на македонскиот народ во борбата за слобода. „Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот. Со својата жртва и со својот пример, покажа дека заслужува држава, заслужува слобода и дека е на страната на оние што ќе бидат победници во Втората светска војна“, порача Николоски. Тој нагласи дека жртвата на борците е длабоко вкоренета во создавањето на македонската држава и дека слободата во која денес живеат граѓаните е резултат на нивната пожртвуваност. „Таа жртва длабоко е вкоренета во создавањето на македонската држава, без таа жртва немаше да постои самостојна и независна Македонија, и без таа жртва денеска немаше да ги уживаме плодовите на слободата. Затоа треба да се потсетуваме на истата, и да не мислиме дека е нешто далечно, нешто што се случило одамна и нешто на кое треба да се потсетуваме само кога е годишнина, туку да се потсетуваме постојано, затоа што Македонија и денес е под силни напади. И денеска многумина не и' мислат добро на Македонија, и денеска се повампируваат одредени идеи, кои не значат самостојност и самобитност на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската нација, култура и македонската држава“, истакна Николоски. Во своето обраќање, тој посочи дека македонската држава има јасен политичко-правен и историски континуитет, нагласувајќи ја потребата од негово зачувување, при што, како што рече вицепремиерот, државата, но и сите ние мора да одолееме на сите предизвици коишто се случуваат, и на сите негирања и искривувања на историјата коишто некој сака да ги направи. Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, градот од каде што започна вооруженото востание во 1941 година, претставува потсетување на историското значење на борбата против фашизмот и на жртвата на генерациите кои се изборија за слободата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на ВинисиусПредводникот на кралевите од Мадрид, Жозе Мурињо не сакал да се појави на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Реал и Виљареал.Реал Мадрид успеа да излезе како победник во дуелот со Виљареал во шпанското првенство (1:0). Единствениот гол го постигна Јан Диоманде, но во центарот на вниманието сепак бил Винисиус, кој предизвика скандал. Контроверзниот ас на Реал доби директен црвен картон бидејќи го повлече противникот за коса. Поради што, неговиот гол за водство од 2:0 беше поништен, бидејќи спорниот момент се случи за време на самата акција што доведе до погодокот. И не само тоа, Вини вербално го нападна судијата Кордеро Дијаз, кој му покажа црвен картон откако ја прегледа снимката по сугестија од ВАР-собата. 🚨🚨| The moment Vinicius pull the Villareal player’s hair. 😳 https://t.co/OZXg8G4jVr — Kalshi FC (@KalshiFC) October 10, 2026 Тука не заврши сè, бидејќи Жозе Мурињо дополнително ја влоши ситуацијата. Португалскиот стручњак одби да се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Шпанските медиуми пренесуваат дека тој наводно изјавил оти „стравува дека ќе биде суспендиран доколку зборува“. Тоа би значело и дека би можел да го пропушти дербито против Барселона на 25 октомври. Токму тоа е натпреварот што би можел да го пропушти и Винисиус, доколку биде строго казнет за своето однесување. Ситуацијата во Реал Мадрид е, благо кажано, проблематична. Тие моментално се трети на табелата во Шпанија со 18 бода, шест помалку од Барселона, додека Атлетико Мадрид е пред нив со 19 бода. Тешкотиите продолжуваат и за Мурињо и за клубот...Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter