ССМ во среда излегува на протест - Канал 5

ССМ во среда излегува на протест

Сојузот на синдикати излегува идната среда излегува на протест... 

ССМ во среда излегува на протест

По добро познатата маршрута од пред зградата на ССМ, преку Собранието и Стопанската комора па се до Владата - работниците излегуваат на протест. Со минималец од 25 илјади денари едвај се врзува крај со крај, не дозволиво е, велат од ССМ, да се остават работниците да преговараат со работодавачите. Според првиот човек на Синдикатот, Слободан Трнадафилов нема повеќе изговори, вели оние кои ќе решат да седат дома даваат поддршка на политикката за ниски плати – и ги повика сите работници на 28 ми јануари во 17 часот да дојдат пред работничкиот дом. Доколку нема слух од надлежните Трендафилов вели ќе се превземат и други радикални чекори....

„Нашите плати сме ги изработеле, ги заслужуваме и сметаме дека трееба да ни бидат зголемени....Работниците кажаа и во анкетата на ССМ дека даваат поддршка на следните чекори кои ќе ги презвземе. Ова е само првиот од низата чекори кои ќе ги превземе во идниот период а кој ќе значат дополнителни протести, дополнителни блокади, генерален штррајк а доколку немаат слух ќе им собереме и 10 илјади потписи ќе станаме овластен предлагач на законите, ќе побараме намалување на функционерските плати и зголемување на сите останати... “

Од ССМ ги повикаа и останатите синдикати да им се придружат на протестот в среда, бидејќи велат сите се соочуваат со иста судбина – платите останале исти а животните трошоци секојдневно растат. Според пресметката на синдикатот за само еден месец вредноста на минималната синдикална кошничка е зголемена за околу 1 000 денари...

„Ние во оваа година не видовме драстично зголемување на работничките плати а само во месец јануари се згоелми вредноста на синдикалната минимална кошничка, и сега секое семејство е посиромашно за 1 000 денари. Дури и згоелмувањето на пензиите инфалцијата го изеде...“

Инаку во март согласно законското усогласување минималната плата треба да се зголеми за околу 1 500 денари. Надлежните се на ставот дека за повисок минимлаец, во рамки на ЕССтреба да се договоарат работодавачите и синдикатите и секој постигнат договор Владата ќе го испочитува....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер