ССМ утре излегува на протест поради одлуката на владата за минималната плата - Канал 5

ССМ утре излегува на протест поради одлуката на владата за минималната плата

ССМ со предлог до пратениците и функционерите – една година сите да земаме по 500 евра плата ама итно да се изгласа предлог и исто толку да изнесува и минималецот. 

ССМ

Работниците утре излегуваат на протестен марш – од пред зградата на ССМ, пред Собранието, Стопаснката комора, па се до Владата ќе испратат порака дека доколку има за пратениците, функционерите и работодавачите мора да има достоинствена плата и за работниците. ССМ со предлог до пратениците и функционерите – една година сите да земаме по 500 евра плата ама итно да се изгласа предлог и исто толку да изнесува и минималецот.

Со жестоки критики првиот човек на ССМ денеска му одговори и на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски, кој во низа на неколку прес конференции ги нападна синдилакците дека се предводени од опозициската партија.

„Очекувам на првата наредна прес-конференција, колегата кога ќе чита од идиотот, да каже кој број на чевли носи Слободан Трендафилов. Доколку ги промаши, сѐ до сега му е лага и никој не може да го убеди во спротивното. Не е сериозно пратеник, со 118.000 денари да го осудува претседателот на ССМ, за 60.000 плата. Несериозно е да гледаат дека нема никакви реакции за 60.000 плата, да измислуваат 75.000 денари, на друг 104.000 денари. Го повикувам да даде од неговата плата, за да ми ги надополни овие 15.000 денари кои ги немам и секој месец да имам 75.000 денари, за да не лаже.“ -изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

ВМРО ДПМНЕ и денеска на прес конфренција ги обвини синдикалците. Членот на централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски вели синдикалците на батерии се прочитани. Тој ги обвини Трендафилов и Пешевски, кој според него зема плата од 80 илјади денари, дека ги лажат работниците со минималец, додека тие годишната плата на работникот на заработувале за само неколку месеци.

Во знак на 1 април денот на шегата првиот синдикалец и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ и денеска не само на прес конфернции си упатија пораки и преку социјалните мрежи.

„ Синдикалецот на батерии Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари! Ова не е #априлилили ПС. Пријател со претставници на трулата комунистичка буржоазија, кои семејно си ги наследуваат функциите во синдикатот, за само да си ги полнат џебовите, не може да бидам. Само непријател!“ - ФБ Бране Петрушевски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Денеска во Собранието, не помина ниту предлгот од опозициската СДСМ, кои бараа ослободување на придонесите со цел зголемување на платите на работниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер