Првиот човек на ССМ Слободан Трендафлиов вели не се согласува со идејата кошничката да се пресметува за 3 члена, според него со ова, досегашната нивна статистичка операција некој, вели се труди да ја претвори во операција за прехрана.
500 евра минимална плата беше потребно вчера утре ќе биде доцна велат од сојузот на синдикати чии пресметки покажуваат дека на едно 4 члено семејство месечно не му се доволни ниту 2,5 сегашни минимални плати за да го преживее месецот.
„Вредноста на синдикаланата минимална кошница е основниот параметар од 2011 кој покажува дека платите се ниски и мора да се зголемат....Некој оваа статистичка операција сакаше да ја претвори во операција за прехрана на семејствата и затоа веројатно скаат да изработа ја нарекуваа синдикална ама синдикатите не се вклучени... што ќе ни биде поевтино што поскапо.... “изјави Слободан Трендафилов – ССМ.
Според Трендафилов токму кошничките се најголемиот показател дека мора да има раст на минималецот на најмалку 500 евра, па затоа ги повика сите работници на 1 мај да излезат на протест за своите права.
„Денес не е време кога треба да празнуваме, треба да менуваме традиција и ние како и сите останати земји во ЕУ да изелеме на протест и на таков начин да го искажаме нашето и работничкото незадоволство. “изјави Слободан Трендафилов – ССМ.
За повисок минималец Влада остави преку дијалог да се договороат синдикатите и работодавачите, но засега се уште нема седница на ЕСС бидејќи ниту еден синдикат нема репрезентативност. Трендафилов вели процедурата за утврдување на репрезенатитвност на ССМ се уште не е завршена, очкеуваат наскоро комисијата да закаже нова седница, за да може Еконосмко социјалниот совет по неколку месеци пауза да почен повторно да заседава.