ССМ бара минималец од 500 евра, во спротивно ќе има генерален штрајк - Канал 5

ССМ бара минималец од 500 евра, во спротивно ќе има генерален штрајк

Плата од 500 евра за сите, вклучително и пратениците и фунционерите или генерален штрајк и протести – ова беше главното барања што Сојузот на синдикати на Македонија го испрати на нивната прва јавна седница .

ССМ

Плата од 500 евра за сите, вклучително и пратениците и фунционерите или генерален штрајк и протести – ова беше главното барања што Сојузот на синдикати на Македонија го испрати на нивната прва јавна седница која ја одржаа марширајќи по скопските улици. Бараат надлежните да го разгледаат и прифатат минималецот да изнесува не помалку од 500 евра, како и зголемување на сите други плати за 100 евра, а државата да субвенционира дел од придонесите во период од 1 година.

Со почеток во 12 часот и 5 минути околу 300 членови на синдикатот, од пред зградата на ССМ тргнаа кон Собранието, каде ја изгласаа и првата точка од дневниот ред – не може да има за пратениците а да нема за работниците.

„Почитувани браќа и сестри ве молам да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата. “-Слободан Трендафилов – ССМ.

Втора дестинација на синдикатот во борбата за повисок минималец беше Стопанксата комора. На работодавачите им порачаа да ја прифатат нивната подадена рака и да го спречат иселувањето на младите.

Последна станица на мирниот марш беше Илинденска број 2, каде побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималецот за 1 800 денари, која велат Владата еднострано ја донесе, почитување на колективните договори но и намалување на платите на избраните и именувани лица.

Министерот за економија Дурмиши утрово рече дека морал да ја потпише одлуката за минималната плата без согласност од ЕСС, за да нема застој во државата, бидејќи се уште не е утврдан репрезентативноста на ниту еден синдикат, но повтори дека се отворени за дијалог и заприфаќање на нова методологија или повисок минималец ако работниците и работовачаите се договорат..

„Демократски е да протестира. Кога комисијата ќе определи кој синдикат ќе биде репрезенативен, јас одма ќе ја свикам седницата на ЕСС и синдикатите треба таму да ги кажат своите барања а не на улица.“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија.

Јавната седница на синдикатот која траеше околу 1 час - ССМ ја започна со едноминутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани.

YouTube video

Исфрлете ги токсините и регулирајте го шеќерот!

Овие состојки го чистат црниот дроб и панкреасот, ја прочистуваат крвта и даваат енергија: 

Исфрлете ги токсините и регулирајте го шеќерот!

Стручните лица советуваат максимално да го намалите консумирањето на преработени овошни сокови.

Црниот дроб и панкреасот се од клучна важност за целиот организам, па и мало нарушување на нивната работа може да има големи последици врз здравјето. Овие два органа неуморно работат на одржувањето рамнотежа во организмот. Додека црниот дроб делува како главен филтер за детоксикација и метаболизам, панкреасот го регулира шеќерот во крвта и варењето.

Нутриционистот Дубравка Тишма наведува дека двата органи се изложени на токсичните и штетни влијанија кои во голем дел потекнуваат од храната.

Овие два органа се важни за целокупното здравје, бидејќи од нивната функција зависи нивото на шеќер, масти, витамини во телото.

-Црниот дроб е најголем внатрешен органи кој врши над 500 важни функции. Ја чисти крвта од токсини (алкохол, лекови и штетни материи) ги складира витамините (А и Б-12) и минералите (железо во форма на феритин), го преработува билирубинот од еритроцитите. Ја произведува жолчката која е неопходна за варење на мастите. Го регулира метаболизмот на холестеролот и во метаболизмот на протеините го разградува амонијакот во помалку токсична материја. Со разградување на јаглехидратите ја депонира гликозата во гликоген, кој го одржува стабилно нивото на гликемија – вели Тишма.

За црниот дроб е многу подобро да изедете овошје, отколку да се напиете цеден сок.

-Фруктозата која во големи количини ја има во индустриските сокови, слатките и пченкарниот сируп е едноставен јаглехидрат (монохидрат), кој се нарекува овошен шеќер. Црниот дроб е единствениот орган кој може да ја метаболизира фруктозата, претворајќи ја во триглицериди. Вишокот на триглицериди доведува до неалкохолно замастен црн дроб. Исто така, фруктозата го зголемува нивото на мочна киселина која се таложи во вид на кристали на зглобовите и надвор од зглобните ткива предизвикувајќи гихт. Се препорачува да се ограничи внесувањето на фруктоза, така што ќе јадеме цело овошје, а не преработени овошни сокови кои поради технологијата на преработка содржат поголема концентрација на фруктоза. Освен тоа, во овошјето фруктозата е врзана во сахароза, или во растителни влакна, многубројни витамини и минерали и така потешко доаѓа во крвотокот, отколку кога е слободна, како во соковите и пченкарниот сируп – нагласува Тишма.

Која храна најмногу корисна за црниот дроб?

Природните зачини (лукот, куркумата, магдоносот)

Растителни влакна кои помагаат да се исфрли холестеролот (зелка, јаболка, овес, лен)

Омега- 3 масни киселини (риба, ореви и чиа семки)

Антиоксиданси (куркума, боровинки, зелен чај)

Растителни протеини бидејќи полесно се варат од животинските (соја, грав, леќа)

Панкреасот е регулатор на шеќерот во крвта и има две главни улоги:

Произведува инсулин (го намалува шеќерот во крвта) и глукагон (делува на складирањето на шеќерот во црниот дроб – глукагон кој ја ослободува гликозата во крвта кога е потребно).

Лачи ензими за варење на мастите, протеините и јаглехидратите.

Храна која е добра за панкреасот:

растителни влакна (го забавуваат апсорбирањето на шеќерот)

омега-3 масни киселини (намалуваат воспаление)

антиоксиданси (ги штитат клетките кои лачат инсулин)

бројни протеини (го олеснуваат варењето)

Според нутриционистот, кога користите преработени производи треба да ги читате етикетите и да ги избирате оние со најмалку адитиви.

Трпение и прецизна рака: Повеќе од две години склопува макета од познатиот автомобил (Фото)

Малку по малку, овој млад човек го претвори своето хоби во уметност.

Трпение и прецизна рака: Повеќе од две години склопува макета од познатиот автомобил (Фото)

Михајло Павловиќ (33) од Краљево, иако со години живее и работи во Белград, своето слободно време го посветува на едно необично хоби - склопување прецизни модели на автомобили.

Неговиот најнов подвиг е завршувањето на макета во размер на иконскиот американски модел „Dodge Charger RT“, на кој работеше повеќе од две и пол години.

„Сè започна кога првпат видов детална реплика на овој модел. Бев фасциниран од идејата дека можам да склопам автомобил во смалена верзија, со сите функционалности – од моторот до ентериерот“, вели Михајло за „RINA“.

Самиот модел, иако изгледа како играчка, е далеку од тоа. Тоа е модел кој е изграден од стотици делови, а секој нов дел се издава еднаш неделно.

„Трпението е најважното нешто во ова хоби. Ако брзате, лесно можете да направите грешки.“

„Најголемиот предизвик беа „микроскопските“ делови од моторот и деталите на хаубата, светлата и внатрешноста на автомобилот. Потребна е огромна прецизност. Еден погрешен потег може да го уништи целиот сегмент“, вели Михајло, кој никогаш не се откажал.

Иако изгледа како работа за професионалци, Михајло тврди дека склопувањето макети е всушност форма на релаксација за него.

„Тоа е како вентил за мене. Потребна е концентрација, но во исто време ја стимулира креативноста и целосно ме опушта“, вели овој креативен моделар.

Откако успешно го заврши „ Charger “, тој веќе има нови планови.

„Наскоро почнувам да работам на следниот модел – „Nissan Skyline GT-R (R34)“. Тоа е следниот скапоцен камен во мојата колекција.“

За Михајло, макетите во размер не се само хоби – тие се уметност, предизвик и бегство од секојдневниот живот во свет на прецизност и страст.

Извор: Б92

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во Копенхаген изјави дека арктичкиот остров нема да биде „недвижен имот за продажба“, а американските изјави за присоединување на данската автономна територија се знак на непочитување.

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека сака да ја преземе контролата над Гренланд поради безбедносни причини.

- Никогаш, никогаш нема да бидеме недвижен имот што некој може да се купи и тоа е порака што мислам дека е најважно да се разбере … Сега се наоѓаме во ситуација во која мораме да останеме обединети, изјави Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Нилсен, кој од вчера е во тридневна посета на Копенхаген, додаде дека Гренланд е подготвен за силно партнерство со САД и поголем развој, но „сакаме почит“.

Фредериксен наведе дека Данска е подготвена повеќе да вложува во Гренланд.

Кралот на Данска Фредерик утре ќе отпатува на Гренланд како знак на понатамошна солидарност. /МИА

притисни ентер