Српските старлети и нивните клиенти во паника- уапсен главниот макро со списокот - Канал 5

Српските старлети и нивните клиенти во паника- уапсен главниот макро со списокот

На српската естрада настана голема паника откако на белградскиот аеродром уапсен главниот српски макро , Михајло Максимовиќ.

Српските старлети и нивните клиенти во паника- уапсен главниот макро со списокот

При апсењето на подведувачот бил најден список со сите девојки и нивните клиенти , меѓу кои и познати јавни личности. Според неофицијалните информнации тој го водел својот бизнис во Белград. Во изнајмени луксузни станови договарал состаноци на неговите девојки со клиентите , кои му плаќале за сексуалните услуги.

Според медиумите , девојките морале да се придржуваат кон строгите мерки на Максимовиќ. Тој ги принудувал да спијат најмалку осум часа, здраво да се хранат , редовно да одат во теретана за да вежбаат и да купуваат гардероба.

Сите српски старлети добро го знаат Максимовиќ , но ниедна не признава дека соработувала со него. Станија Добројевиќ , која е позната по учество во реалити шоу јавно ја обвини својата цимерка Сања Станковиќ за проституција , по што изби кавга и кршење на мебелот во куќата на реалити шоуто. И старлетата Тијана Ајфон на телевизија Пинк призна дека и е познат подведувачот , но тврди дека не била дел од неговите проститутки.

На списокот најден кај Максимовиќ , освен девојките , коментарите за нив и нивните навики , се и клиентите меѓу кои криминалци , платени убијци , но и познати политичари и еден поранешен кошаркар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер