Српските медиуми објавија дека Бора Чорба е болен од рак , тој веднаш демантира

Деновиве српските медиуми објавија дека Бора Ѓорѓевиќ , фронтменот ан Рибља Чорба боледува од рак на простата и дека ги прекинува настапите.

"Бора полека ќе престане со настапите поради рак на простата. Тој неодамна сфати дека е болен и има потреба од пари за лекување. Единствено решение за рак на простата е операцијата. најважно е дека сфати колку е потребно да се лекува и се надеваме дека наскоро ќе го надмине и тоа “, објавија бројни медиуми во Србија , повикувајќи се на анонимен извор.

Набргу по ширењето на веста, Бора објави дека не е болен и е во одлична форма.

"Не сум сериозно болен, како што беше потврдено со повеќе од успешната летна турнеја во 25 градови. Свириме и пееме подобро од кога било. Веруваме дека дезинформацијата е објавена изминатите денови како обид за саботажа од некои лоши луѓе", напиша тој во објавата на Фејсбук страницата на Рибља Чорба.

Во истата објава, тој напиша дека не ги откажуваат настапите или дека бараат пари.

"Исто така, беше злонамерно напишано дека барам пари. Благодарност до сите што понудија финансиска помош, но не ми требаат пари, сите во групата се осигурани", заклучи пејачот.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер