Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи - Канал 5

Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи

Избори се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка.

Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, носител на листата на владејачката Српска напредна странка, објави победа на коалицијата предводена од СНС во сите 10 општини и градови каде вчера се одржаа локални избори, проследени со инциденти, тепачки и нерегуларности на кои посочија опозицијата и студентското движење.

Избори се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка.

Вучиќ, чие име „Александар Вучиќ - Србија, наше семејство“ го носеа сите листи на владејачката партија на локалните избори, прогласи „победа од 10-0“ над опозициските и студентските листи врз основа на прелиминарните партиски резултати.

Како што изјави, најнеизвесно било во Кула, каде што разликата во гласовите е - 530, како и во Бор, каде што наводната прелиминарна предност на СНС е околу 1.900 гласови.

„И благодарам на Србија за големата доверба...Се надевам дека по ова некои луѓе ќе престанат да ги бркаат сите што мислат поинаку, и дека денеска избегнавме огромно зло. Некои луѓе извади пиштоли, некои медиуми упаднаа во кол-центри, иако е нормално да ги поканиш своите поддржувачи, но претпоставувам дека револуционерните мисли често го замаглуваат мозокот со омраза кон луѓето“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека, според последното истражување на јавното мислење, СНС сега е во најдобра позиција во изминатите шест години.

Компаративната анализа со резултатите од претходните локални избори според СНС, покажува дека листата на СНС во повеќето области постигнала зголемување на поддршката во споредба со изборите во 2022 година. Најголемо зголемување на поддршката за СНС е забележано во Кладово, Бор, Мајданпек и Аранѓеловац, додека пад на поддршката е регистриран во Смедеревска Паланка, Књажевац и Кула.

Студентите во блокада по завршувањето на локалните избори во 10 локални самоуправи, објавија дека победи на парламентарни избори се одлучуваат во големите градови, каде што, како што изјавија, „многу потешко е да се спроведува заплашување и уцена“.

„Локалните се будат. Големите градови се подготвени. Промените доаѓаат. Србија не може да се смири. До победа“, објавија студентите на нивната веб-страница, blokade.org.

Според нивната проценка, неможноста за истовремено вршење притисок на голем број места, заедно со тешкотијата за тргување со позиции, работни места и разни бенефиции, е една од причините зошто парламентарните избори се уште не се објавени.

Тие изјавија дека листите што ги поддржале на локално ниво „покажуваат како се води борбата и во која насока треба да оди до конечната победа“.

„И покрај силните напори на режимот да влијае врз гласачите со уцени...СНС забележа пад од повеќе од 20 проценти во повеќето општини“, изјавија студентите.

„Уште утре очекуваме да бидат поднесени кривични пријави против полицајци, тепачи и службени лица кои нападнаа граѓани, не земајќи ги предвид последиците, како и жалби за изборни нерегуларности“, додадоа студентите.

Медиумите блиски до Вучиќ зборуваа за „тортура на блокадерите“ - како што владејачката партија го нарекува студентското движење и опозициските листи, а набљудувачите на опозицијата, студентското движење и невладините организации ја обвинија владејачката партија дека, во соработка со полицијата, ги заплашува граѓаните и создава нерегуларни избори за нормален изборен процес.

Според извештаите на независните набљудувачи и опозициските листи, денот на изборите беше обележан со бројни инциденти и нерегуларности, а гласањето на повеќето места беше проследено со физички конфронтации, напади врз граѓани, активисти и новинари. Физички пресметки беа регистрирани во Бор, Бајина Башта, Кула.

Пријавени беа бројни нерегуларности - од таканаречениот „бугарски воз“ до фотографирање гласачки ливчиња и притисок врз гласачите.

Набљудувачката мисија на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) објави дека денот на изборите во 10 единици на локална самоуправа заслужува оценки „од најлошо до лошо“, а поради интензитетот на насилството во Бор, Кула и Бајина Башта, главните проблеми забележани во општините каде што ситуацијата беше релативно мирна остануваат во сенка. Со своите 10 набљудувачки мисии, ЦРТА, како што е наведено, „ги следеше денешните настани во ограничен капацитет на сите места каде што граѓаните излегоа на гласање“.

Набљудувачите насекаде виделе водење паралелни евиденции, случаи на загрозување на тајноста на гласањето и организирано доведување гласачи, што укажува на можно гласање под притисок, но во светлината на тепањата, вадењето оружје и ширењето страв, тие недостатоци на изборите неоправдано изгледаат „помалку“ сериозни, се истакнува во соопштението на ЦРТА.

Посебно загрижува фактот дека полицијата во најголем дел не била подготвена да ги заштити граѓаните кои биле изложени на насилство, ниту да ги приведе сторителите, предупреди ЦРТА.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека на денот на изборите во 10 локални самоуправи, „блокадерите спроведуваат добро организиран и внимателно испланиран терор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер