БалканСрпски старлети поврзани со Веља, во нивните телефони најдени ужасни фотографии Српската полиција добила нови докази против тимот на водачот на озлогласената криминална група на Вељко Беливук, бидејќи наводно кај притворените старлети пронашле ужасни фотографии од тортура и убиство на жртвите на неговите криминалци.Полицијата и Обвинителството за организиран криминал успеале, покрај материјалните докази, да добијат клучни докази против уапсениот тим на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, за време на вештачењето на членовите на овие банди и нивните соработници, пишува Курир. Старлетите Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, попознати како Тијана Ајфон и Мими Коло, во вторникот биле однесени во Службата за борба против организиран криминал, каде поминале неколку часа на распит, заради наводна поврзаност со неславниот клан на Беливук. За време на распитот, наводно биле пронајдени фотографии од осакатени лица во телефонот на едната од двете старлети. - Полицијата преку операција откри дека биле чести гости во Хумска. Кај една девојка во телефонот се најдени клучни докази против овој клан. Наводно, на фотографиите се гледаат исчезнатите и брутално убиени - навивачите Здравко Радојевиќ и Горан Величковиќ Гокси, како и „розовиот пантер“ Милан Џепоја. Девојката е обвинета и дека дел од бандата што перела пари ги заработиле за Беливук и Миљковиќ - изјави за Курир извор близок до истрагата. Старлетите, според приказната за Курир, биле импресионирани што се дружат со жестоки момци. - Наводно добивале пари од Беливук, па тој ги убедил да направат сè за него. Се сомнева дека тие пренесувале дрога, но и разни други пратки и переле пари. Се претпоставува дека некои од нив ги намамувале жртвите да дојдат во скривалиштата, каде што тимот на Беливук ги мачел. Се претпоставува дека тие извлекле важни информации од жртвите, а потоа му ги пренеле на Беливук - вели соговорникот. Обвинителството за организиран криминал побарало од судот да им го продолжи притворот за 30 дена на членовите на криминалната група на Беливук, обвинети за најтешки кривични дела. За потсетување, Тијана Ајфон била свршена со Милован Тадиќ Микс, кој бил уапсен заедно со Беливук на 4 февруари. Микса е еден од најблиските соработници на Беливук и бил негов шеф за безбедност. И откако Тијана и Микса раскинале, старлетата, наводно, продолжила да работи со кланот Беливук. Вељко Беливук и Марко Миљковиќ се уапсени на 4 февруари кај Рудник под сомнение дека организирале криминална група што извршила голем број најтешки злосторства и која работела под покровителство на навивачката група Принципи. Покрај нив, уапсени се уште дваесетина членови на оваа банда, а меѓу нив има и двајца полицајци. Сефовите што биле пронајдени во тајни викенд куќи и станови, но и во просториите во Хумска, каде се наоѓа стадионот „Партизан“, а за кои се сомнева дека припаѓаат на Беливук и неговиот клан, наводно содржеле дрога, но и оружје, муниција, мобилни телефони ... Групата е обвинета за киднапирања и убиства во изнајмени куќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook