Српски нарко бос е уапсен во Италија- се товари за шверц на над 6 тони кокаин - Канал 5

Српски нарко бос е уапсен во Италија- се товари за шверц на над 6 тони кокаин

Српскиот државјанин А.Д.(47) е уапсен во Италија под сомнение дека учествувал во шверц на 6,1 тон кокаин од Јужна Америка во Европа.

Српски нарко бос е уапсен во Италија- се товари за шверц на над 6 тони кокаин

Како што пишуваат италијанските медиуми, Србинот бил уапсен врз основа на меѓународна потерница што по него ја распишала Црна Гора во јули минатата година, под сомнение дека е член на криминална организација која пренесувала кокаин преку Атлантикот.

– Осомничениот нарко бос од Србија бил следен од италијанската полиција додека престојувал во населбата Мизурини. Се сомнева дека бил член на балканскиот картел и дека учествувал во пловењето од Канарските острови кон Карибите - пренесуваат италијанските медиуми и додаваат дека ноќта меѓу неделата и понеделникот бил уапсен А.Д.

- Србинот е откриен благодарение на автоматската проверка, која била извршена во хотелот во кој се пријавил осомничениот. Полицијата била известена дека во Мизурина е регистриран гостин А.Д., кого го бара Интерпол - пишува Amicodelpopolo.it.

Да потсетиме, во јули 2022 година уапсениот А.Д. беше на барана листа на Вишиот суд во Подгорица откако во истрагата на Специјалното државно обвинителство беа опфатени 28 лица поради сомнение дека од мај 2019 до февруари 2020 година се обиделе да прошверцуваат 6,1 тон кокаин со користење на три океански бродови. Тогаш во Црна Гора биле уапсени осум лица, од кои некои беа во бегство, меѓу кои А.Д. и уште еден државјанин на Србија С.М.(47).

– Акцијата „Флорида 1“ беше силен полициски напад врз балканскиот картел, кој во документите на светската полиција е евидентиран како една од најважните алки во меѓународниот бизнис со шверц и испорака на кокаин до европските пристаништа – потсетуваат изворите.

Како што тогаш пишуваа црногорските медиуми, полициско-обвинителските мерки и дејствија за прибирање докази во акцијата „Флорида 1“ започнале во 2019 година бидејќи имало податоци дека биле ангажирани државјани на Црна Гора, Италија, Србија, Хрватска, Словенија и Велика Британија. „Транснационален шверц на кокаин на релација Јужна Америка – Европа“.

- Осомничените се поврзани со балканскиот картел кој е составен од неколку независни ќелии. Практично, клановите Кавачки и Шкалјарски од Котор функционираат под покровителство на балканскиот картел. Конкретните пратки со кокаин кои предизвикаа смрт на поголема група во операцијата „Флорида 1“ се запленети на територијата на Португалија, Брегот на Слоновата Коска и Аруба – објаснува изворот.

Инаку, балканскиот картел во последно време многу страдаше, а пред еден месец во Србија беа уапсени 13 лица, осомничени дека како дел од балканскиот картел прошверцувале седум тони кокаин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!

Вистината за Алта банка е на виделина. Јавното обвинителство и Ненад Савески нема што повеќе да чекаат, мора веднаш да постапат.

Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!

Во Србија на Алта банка ѝ е одземена дозволата. Отворен е стечај. Уапсен е сопственикот Давор Мацура. Има истрагата за 380 милиони евра.

Во Македонија нема никаква реакција од Обвинителството.

Народот не може да дојде до своите пари а тие што ја донесоа Алта банка во Македонија, уште договараат и нов сопственик.

Фактите се јасни како ден.

Трајко Славески и Христијан Мицкоски ја внесуваат Алта банка во Македонија, пералница на пари на Вучиќ со сомнителен капитал.

Има јавно признание од Трајко Славески дека зад одлуката за Алта банка стои Христијан Мицкоски.

Иако Народна банка треба да е независна институција.

Иако СДСМ уште во декември 2025 година предупредуваше и алармираше јавно за позадината на оваа банка, за врските со Вучиќ, со СНС, со ВМРО и за сомнителниот капитал.

Иако во Европа имаше санкции и суспензии, во Црна Гора е одбиена, Славески и Мицкоски ја носат Алта банка во Македонија.

Во Законот за банки, член 13, се наведува дека „Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице на кое му е изречена прекршочна санкција„

А Alta Group —во 2024 година била правосилно санкционирана од Австриската FMA.

Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка.

Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор.

Покрај се ова наведно, Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата.

Не само што му дозволи да купи банка, Мицкоски му дозволи на Мацура да купи и осигурително друштво.

Сите овие факти, заедно со јавното признание на Славески за политичко влијание на Мицкоски повикуваат на акција на Обивнителството.

Молкот ја продлабочува недовербата и отвора сомнеж дека се штити Мицкоски.

Се оставаат Мицкоски и Славески да ја заташкаат работата, да уништуваат докази, да не се дознаат сметките, транакциите од Алта банка.

Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува.

Обвинителството има обврска кон граѓаните.

Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат.

Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка.

Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот.

Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија.

Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија.

Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш!

Одговорност ќе има!

Прес конференција на СДСМ, Бодганка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар.

„Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи.

Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“.

Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови.

Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH.

Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата.

NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза.

Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер