Српската опозиција за 8 мај закажа протестен собир под мотото „Србија против насилството“ - Канал 5

Српската опозиција за 8 мај закажа протестен собир под мотото „Србија против насилството“

Движењето „Да не го давиме Белград“ - Зелено левиот фронт ги повика граѓаните на протестен собир „Србија против насилството“ што ќе се одржи во понеделник, на 8 мај, пред Народното собрание.

Српската опозиција за 8 мај закажа протестен собир под мотото „Србија против насилството“

Движењето „Да не го давиме Белград“ - Зелено левиот фронт ги повика граѓаните на протестен собир „Србија против насилството“ што ќе се одржи во понеделник, на 8 мај, пред Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

Движењето најави дека бара запирање на натамошното промовирање на насилството во медиумите и јавниот простор, како и одговорност за долгогодишниот неадекватен одговор на надлежните органи, односно разрешување на одговорните министри.

Со цел да се запре промовирањето на насилството во јавноста, Движењето „Да не го давиме Белград“ - Зелено левиот фронт во соопшението да јавноста бара смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) и затворање печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код.

Исто така, бара одземање на националните фреквенции од телевизиите кои, како што наведуваат, „ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи“, како и итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Од опозицијата наведуваат и дека бараат институционална одговорност и разрешување на министерот за полиција Братислав Гашиќ, првиот човек на БИА, Александар Вулин и министерот за образование Бранко Ружиќ, „бидејќи се директно одговорни за урнатиот систем и несоодветниот одговор на властите“, како и итна седница на Националното собрание на која ќе се разгледува одговорноста на Владата и безбедносната состојба во земјата.

Од опозицијата велат дека главна насока на долгорочна промена на системот мора да биде подобрувањето на образованието, на што ќе инсистираат во своите постапки.

„На нашиот училишен систем му се потребни дополнителни наставници, психолози и педагози, како и подобри услови за работа на воспитно-образовниот кадар, за да му се посветат на секое дете и да му овозможат здрава средина за личен развој. Дополнителните специјални полициски сили не можат да го постигнат тоа. Во исто време, неопходно е да се разоружа нашето општество, бидејќи постоечкиот закон за поседување оружје систематски се крши и не се спроведува, а во исто време имаме проблем со стотици илјади нелегално оружје меѓу граѓаните на Србија“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение

Дипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ.

Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение

Академик Живко Попов во обраќањето по повод денот на Македонската академија на науките и уметности порача дека во надминувањето на спорот со Бугарија потребно е да се вклучат и европските партнери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија

Каков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.

Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија

Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар.

Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.

Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет.

Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог.

Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси.

Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Многу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски.

Во видеото погледнете ја целата ретроспектива.

-Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер