Средувале автомобил од 1954 кога под седиштето нешто им светнало- сега бараат помош (ВИДЕО) - Канал 5

Средувале автомобил од 1954 кога под седиштето нешто им светнало- сега бараат помош (ВИДЕО)

Двојката предизвика возбуда со видео на TikTok на кое прикажува винтиџ автомобил од 1954 година што решиле да го реставрираат, не знаејќи какво изненадување ги чека.

Средувале автомобил од 1954 кога под седиштето нешто им светнало- сега бараат помош (ВИДЕО)

Шерон Тапсон објасни дека класичниот модел на Рајли собирал прашина во штала во последните 20 години, па затоа ги засукале ракавите, објавува Mirror.

„Изгледа старо и позлатено“

„Прво ќе ви покажам како изгледал ентериерот порано“, рече жената, покажувајќи фотографија од прашливите кожни седишта, кои оттогаш се отстранети.

Кога гледачите можеа да видат како сега сјае винтиџ автомобилот, Шерон покажа фотографија од предмет што го пронашле случајно на подот од возилото.

„Мојот сопруг го виде под едно од седиштата. Сега не сме сигурни дали е вистински или не. Изгледа старо и позлатено. Можете ли да помогнете“, рече таа.

Изненадување од минатото

Што е работата? Двојката пронашла „винтиџ“ Ролекс без натпис на задната страна.

Голем број корисници решија да помогнат, а еден ентузијастички напиша: „Rolex правеше кварцни часовници од 1970-тите до почетокот на 2000-тите. Тоа беше серијата Oysterquartz. Мислам дека најдовте копија.“

Друг додаде: „Би рекол дека имате Oysterquartz од 1970-тите.“

Дали има воени ознаки?

Трет понуди поинакво мислење: „Овој часовник изгледа како копија на Rolex, бидејќи нема ознаки. Ако е оригинал, веројатно вреди многу.“

Имаше и такви кои тврдеа дека часовникот имал ознаки, и тоа воени. Едно лице напиша: „Владата им ги дала на пилоти и екипажи на подморници.“

@shaz_keepingitsimple My husband found something interesting in his 1954 Riley RME! Not the usual find, it’s been in a barn for 20 years. #classiccarfinds #classiccar #classiccarrestoration #jewelleryfinds ♬ Epic Music(863502) - Draganov89

Сè уште не е познато дали Шерон и нејзиниот сопруг побарале мислење од експерт за часовници и ја решиле мистеријата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англичаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци!

 Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво  2026 во Канада, САД и Мексико.

Англичаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци!

На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас.

Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026:

Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија)

Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика).

Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг)

Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интереси

Филипче да престане да работи против македонските национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интереси

Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси.

И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска страна, без никакви гаранции и без никаква извесност за европската иднина на државата.

СДС и Венко Филипче не нудат визија, не нудат план и не нудат решенија. Единствената политика на СДС и Филипче е слепо прифаќање на сите барања кои доаѓаат однадвор, без притоа да покажат минимум достоинство и грижа за државните интереси.

Филипче продолжува да ја пласира истата реторика која со години ја слушаме од бугарските власти дека Македонија мора безусловно да попушта, а Бугарија не мора да направи ниту еден чекор кон почитување на македонскиот народ и неговите права.

Наместо да се бори за подобра преговарачка позиција на Македонија, Филипче упорно се бори за спас на сопствената политичка кариера. Токму затоа секој негов јавен настап е исполнет со истите пораки, истите флоскули и истите притисоци врз македонскиот народ.

Време е Венко Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Македонија ќе оди напред само со политики кои ги штитат државните и националните интереси, а не со политики кои служат на туѓи агенди.

Граѓаните заслужуваат политичари кои ќе ја претставуваат Македонија, а не политичари како Филипче кои ќе ги оправдуваат позициите на другите држави.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена кон европскиот пат, но тој пат треба да биде базиран на принципи а самиот процес да е кредибилен и предвидлив.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД,.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“.

Министерот од крајна десница, кој е на социјалната мрежа X, тврдеше дека договорот ќе има спротивен ефект од предвидениот. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го прифати неговото постоење“, напиша тој.

Во својата објава, тој исто така рече дека Израел мора да знае како да им се спротивстави на своите сојузници кога е потребно. „Има моменти кога дури и претседателот на Соединетите Американски Држави треба да знае како да каже „не“. Кога ние не знаеме, следниот пат ќе се соочиме со многу посилен и поопасен Хезболах“, додаде тој.

Бен-Гвир заклучи со доведување во прашање на спроведувањето на договорот, велејќи дека Хезболах не се повлекол јужно од реката Литани и изразувајќи сомнеж во способноста на либанската армија да го спроведе договорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер