Средношколци од Велес победници на Кампот за иновации - Канал 5

Средношколци од Велес победници на Кампот за иновации

Средношколци од Велес со нивната бизнис идеја за филтер за прочистување природна вода се победници на Кампот за иновации 

Средношколци од Велес победници на Кампот за иновации

Тимот Вин од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски" од Велес, понуди иновативен филтер за прочистување природна вода, наменет при рекреација во природа во ситуација каде нема пристап до вода за пиење. „Up-grade" филтерот ги елиминира микробите што се наоѓаат во водата од реката, езерото или дождовната вода и ја прочистува од био-контаминација и бактерии. Иако е примарно наменет за употреба во природа, специјалниот филтер може да се користи и на училиште, работа или во домовите. Циклусот на чистење на водата се активира со едноставно полнење на шишето и протресување.

Второто место го освои тимот од гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин" од Скопје, со својот повеќенаменски ранец, направен од искористени материјали, а кој вклучува и водоотпорна јакна, филтер на вода и полнач со светилка, напојувана од малиот вграден соларен панел. Третонаградена беше идејата за автомати за рециклирање на стари патики од тимот средношколци од „Владо Тасевски", Скопје. За секој пар оставени стари и износени патики во автоматите, потрошувачите добиваат 10% попуст на спортска опрема во продавниците кои соработуваат со ученичката компанија, а дел од профитот е дониран на социјално загрозени семејства. Ова е Линкот до објавата за наградени тимови.

Овие и многу други креативни решенија беа претставени од средношколците пред четиричлената жири комисија во текот на минатата недела. Кампот на иновации се одржа во периодот од 9ти до 23ти јуни 2021 година, на кој учествуваа 66 ученици, од 9 тима од средни училишта од Велес, Виница, Кочани, Струмица и Скопје.

Џуниор Ачивмент Македонија преку спонзорства обезбеди и две додатни награди за тимовите ученици од Средно училиште "Цветан Димов" од Скопје и "Љупчо Сантов" од Кочани, со што се заокружи уште еден циклус од програмата за учебна година 2020/2021.

Џуниор Ачивмент Македонија повторно ја поттикна вклученоста на бизнис заедницата, која преку 9 бизнис волонтери професионално ги водеше учениците низ процесот на пишување бизнис планови и што значи една идеја да се спроведе во реалност. Учениците на овој начин имаа можност да ја покажат својата иновативност, да го градат тимскиот дух и да се стекнат со нови знаења од областа на претприемништвото.

На свечената церемонија за доделување награди, кoја што се одржа на 23ти јуни , претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Ерик Јановски нагласи дека новонаучените вештини, креативноста и решенијата, на учениците ќе им помогнат да станат креативни претприемачи. Се надева дека искуството, кое го добија учествувајќи во Кампот на иновации ќе го искористат да откријат како да придонесат за подобра иднина во заедницата и во државата. Исто така ја истакна подршката која ја дава УСАИД за младите да земат активно учество во дефинирањето на образовните програми и кариери во својата држава. Г-нот Јановски исто така им се заблагодари на учениците што во осмислувањето на своите идеи се потрудиле да рециклираат, да бидат инклузивни, но и да користат обновливи извори на енергија.

Раководителот во Фондот за иновации и технолошки развој, Катерина Кречева, верува дека со ова искуство учениците стекнале вредни знаења за понатаму и дека ќе го понесат овој процес како едно позитивно искуство во својот живот. Г-ѓата Кречева се надева дека учениците ќе продолжат во своите претприемачки идеи и дека наскоро ќе ги видиме како основачи на свои компании во иднина. Очекува и се надева дека тимовите на ученици со своите идеи од овој камп на иновации ќе се обратат и до Фондот за да на посистематски начин добијат поддршка од програмите на ФИТР со цел да се поддржат идеите на учениците и да се креираат успешни приказни и една поубава иднина.

На присутните ученици и гости им се обрати и Шериф Мифтари, директор на Центарот за стручно образование и обука, кој на учениците им порача дека натпреварите на Џуниор Ачивмент Македонија се добар модел каде ќе научат да решаваат проблеми, да размислуваат креативно и да ги јакнат своите комуникациски, презентациски и лидерски вештини, при што сето ова е клучно за успех во денешната глобална економија.

Овој натпревар е дел од Проектот на УСАИД за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија, кој им овозможува на младите да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градко дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер