Среде најстрашната пустина, никна грандиозен комплекс (ВИДЕО) - Канал 5

Среде најстрашната пустина, никна грандиозен комплекс (ВИДЕО)

Првата соларна термоцентрала во Јужна Америка е отворена во Чиле, грандиозен проект во пустината Атакама, што ќе и ’олесни на таа земја да ја постигне целта - неутралност на јаглерод до 2050 година.

Среде најстрашната пустина, никна грандиозен комплекс (ВИДЕО)

Фасцинантниот проект Серо Доминадор во најсушната пустина на светот, вреден 1,4 милијарди американски долари, најавен уште во 2013 година, ќе користи технологија за соларно складирање на топлина за производство на електрична енергија со часови, па дури и ноќе, за разлика од традиционалните фотоволтаични соларни централи или ветерници кои произведуваат електрична енергија само додека сонцето сјае или ветерот дува.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера во својот говор пред огромната централа рече дека овој проект е неверојатен придонес за развојот на нивната земја и квалитетот на животот на луѓето.

- Богат со сонце и ветер, Чиле има обврска да ја искористи предноста на обновливите извори за да го елиминира јагленот од секторот електрична енергија до 2040 година и да постигне јаглеродна неутралност. Порано бевме сиромашни со енергија, имавме малку нафта, јаглен и гас, но неизмерно сме богати кога станува збор за енергијата на иднината. Имаме пустини со највисоко сончево зрачење на светот, гордо рече Пињера.

Целта на проектот „Серо Доминадор“ е да се надмине јазот по отстранувањето на електраните на јаглен и да се помогне во снабдување на чилеанската мрежа со електрична енергија од ветер и сонце.

Извршниот директор на Серо Доминадора, Фернандо Гонзалес, за Ројтерс изјави дека компанијата ќе ги исполни своите цели.

Ќе произведе вкупно 210 MW чиста енергија, што е доволно за снабдување на 380.000 домаќинства во Чиле.

Покрај кулата, електраната ќе има можност да складира и топлинска енергија со употреба на растворливи соли со вкупен капацитет од 17,5 часа.

Серо Доминадор изградиле конзорциум на шпанските енергетски компании „Абенго“ и „Акциона“, со финансирање од програмата „Лаиф“ на Европската унија и „КфВ“ од Германија и чилеанската агенција за развој „Крфо“ и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер