Среде концерт рапер фрли 50 000 долари во публиката (ВИДЕО) - Канал 5

Среде концерт рапер фрли 50 000 долари во публиката (ВИДЕО)

Еден од најпознатите рапери , Пост Малоун фрли 50 000 долари во банкноти од по еден долар во публиката на својот концерт во ноќен клуб во Мајами.

Среде концерт рапер фрли 50 000 долари во публиката (ВИДЕО)

24-годишниот рапер во клубот се појави со група соработници и пријатели кои во еден момент му подадоа куфер полн со банкноти што Пост започна да ги фрла . Кешот леташе низ клубот, додека „Пост“ ги изведуваше своите најголеми хитови како „Рокстар“ и „Психо“, со снимки и фотографии што ги преплавија социјалните мрежи.

Посетителите откриле дека Пост и неговиот тим немилосрдно се забавувале по настапот и дека останале во клубот до пет часот наутро. „Тие беа премногу драги за сите“, рекоа посетителите.

„Најдобра ноќ досега“, „Сакам да се вратам“, „Забавно ми беше“, „Сè уште сум пијан од таа ноќ“, „Ова беше најдобрата претстава досега“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи, додека оние кои не беа таму се пожалија „Колку сум љeубоморен што не бев таму“, коментираат другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно.

Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

Светската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир.

Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни.

Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“.

СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“.

Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Ненадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово,  предизвика големи штети во непалскиот округ Горка.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации.

Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче.

Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи.

Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер