Средби на Џафери со делегациите на Мексико и БиХ на Собранието на Интерпарламентарната унија

Делегацијата на Собранието на Република  Македонија предводена од претседателот Талат Џафери, денеска се сретна со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ.

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври во Белград, делегацијата на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Талат Џафери, денеска се сретна со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ.

– На средбата со делегацијата од Мексико, предводена од Лаура Анхелика Рохас Ернандез, претседателка на Претставничкиот дом, беше истакнато дека и покрај големата географска оддалеченост, постојат бројни можности за зацврстување на меѓупарламентарната соработка на Македонија и Мексико, особено во рамките на Интерпарламентарната унија, како и на билатерално ниво. Меѓу двете земји постојат иницијативи за конкретна соработка, особено во три полиња: економијата, туризмот и културата, како и заеднички интерес за унапредување на договорната правна рамка, соопшти собраниската Прес-служба.

Отворањето на Почесниот конзулат на Мексико во Скопје било оценето како значаен чекор во унапредувањето на севкупната соработка меѓу двете земји. На средбата серазговарало и за потребата за укинување на визите за влез во Мексико за граѓаните на Република Северна Македонија, со цел продлабочување на билателните односи во сите полиња од заеднички интерес. Ернандез упатила честитки за потпишувањето на Спогодбата од Преспа, со што се отвори патот на евроатлантските интеграции на Северна Македонија.

На средбата со Небојша Радмановиќ, заменик на претседавачот на Претставничкиот дом и Никола Шпириќ, заменик на претседавачот на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, било изразено взаемно задоволство што одличните билатерални односи меѓу двете земји се потврдени со засилената динамика на размена на посети на високо и највисоко ниво.

– Беше истакнато дека заложбите за збогатување на соработката во сите области од заемен интерес се заемни, а особено во делот на европските и евроатланските интеграции и размената на искуства на овој план. Исто така, беше нагласена потребата од засилување на економската димензија на билатералната соработка и креирање поволни услови за нејзин непречен развој. Стана збор и за неопходноста за подобрување на инфраструктурното поврзување во регионот, како и значањето на збратимувањето на повеќе градови од Северна Македонија и Босна и Херцеговина, се додава во соопштението.

На средбата било констатирано дека постои простор за унапредување на парламентарната соработка меѓу двете пријателски земји, со взаемни посети на претседателите на парламентите и пратеничките групи за пријателство и соработка.

Фон дер Лајен:Ако Путин го прекине бомбардирањето,мировни преговори може да почнат следниот ден

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.

Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).

Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.

- Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече претседателот на Европската комисија.

Кога Фон дер Лајен пристигнала на средбата со младите, ја пречекала група од десетина луѓе кои извикувале „Срамота“ и „Слободна Палестина“, јави Анадолија.

НАСА постави прв шеф за вештачка интелигенција, за си ја да обезбеди водечката улога

НАСА го назначи својот прв шеф на вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе биде во чекор со ова витално и брзо развивачко поле.

Станува збор за Дејвид Салвањини, кој беше шеф за користење податоци, пишува Space.

„AI се користи безбедно во НАСА со децении и како што се развива оваа технологија може да го забрза процесот на откривање. Важно е да останеме на чело на напредокот и одговорното користење. На својата нова позиција, Дејвид ќе ја води одговорната употреба на вештачката интелигенција во вселената и на Земјата за доброто на целото човештво“, се вели во соопштението на НАСА.

Американската вселенска агенција користи вештачка интелигенција, на пример, во климатското моделирање, за да придонесе за подобро разбирање на ефектите од глобалното затоплување врз животната средина и нивното ублажување.

Салвањини ќе управува со развојот на широка визија за развој и употреба на вештачка интелигенција, како и иновации преку оваа технологија. Во проширен капацитет, НАСА ќе продолжи да соработува со други владини агенции, академски институции, индустриски партнери и други експерти за да обезбеди лидерска позиција во областа на вештачката интелигенција.

Салвањини се приклучи на НАСА во јуни 2023 година по повеќе од 20 години во разузнавачката заедница. Има и воено искуство. Тој служел 21 година во воздухопловните сили на САД.

Во раководството на секторот за вештачка интелигенција, сепак, немало вакуум пред назначувањето на Салвањини. Кејт Калвин, научен шеф на НАСА, била задолжена за вештачката интелигенција.

Монструмот, кој 24 години си ја силувал ќерката и добил 7 деца со неа, оди во обичен затвор

Австрискиот суд пресудил дека Јозеф Фрицл, кој ја држеше својата ќерка во заробеништво 24 години, ја силувал и со неа имал седум деца, може да биде префрлен од психијатриски притвор во редовен затвор.

Државниот суд во градот Кремс во соопштение наведе дека 89-годишниот Јозеф Фрицл може да биде префрлен бидејќи тој повеќе не претставува вид на опасност што бара да биде задржан во психијатриски притвор.

Одлуката се заснова на сослушувањето на Фрицл на 30 април, како и на извештаите на форензичарите и психијатриските експерти, пренесува АП.

Поради напредната деменција на Фрицл и лошото физичко здравје, психијатрискиот притвор повеќе не е неопходен за неговото „комбинирано растројство на личноста“, бидејќи нема ризик да изврши сериозни кривични дела, објави судот.

Судот изјави дека Фрицл може да биде префрлен во затвор на 10-годишен пробен период, но дека не може целосно да биде ослободен.

Во јануари, обвинителите поднесоа жалба на претходната одлука според која Фрицл може да биде префрлен во редовен затвор, а и двете страни имаат право на жалба на последната одлука на судот.

Неговото злосторство стана познато во 2008 година, а следната година беше осуден на доживотен затвор за инцест, силување, принуда, затворање и ропство на неговата ќерка, како и убиство од небрежност на еден од неговите малолетни синови.

Фрицл стана познат како „Чудовиштето од Амштетен“ по градот во северна Австрија каде во 1984 година ја заклучил својата тогаш 18-годишна ќерка во звучно изолираниот подрум на неговата куќа.

притисни ентер