Средба Заев- Илјас: Заеднички кандидат за претседател е важно за граѓаните и за иднината на државата

Заеднички претседателски кандидат, којшто ќе ја обедини цела држава и граѓаните,  независно од националната или верската припадност.

Тоа беше кажано на денешната средба што ја имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија Бејџан Илјас, се наведува во соопштението од СДСМ.

На состанокот присуствуваа и Александар Кирацовски генерален секретар на СДСМ и Миле Зечевиќ организациски секретар на партијата, како и пратеникот од ДПТ Јусуф Хасани и партискиот генерален секретар Енвер Хусеин.

Претседателите на двете партии констатираа дека има заемна желба за заеднички настап и се согласија дека за иднината на Република Северна Македонија е од исклучително значење да се дојде до заеднички кандидат за претседателските избори, кој ќе промовира единство, рамноправност и стабилност на земјата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека партиските консултации околу обезбедување поддршка на заеднички претседателски кандидат веќе привршуваат и се одвиваат во позитивна насока. Тој изрази задоволство од подготвеноста на партиите и во рамките на Коалицијата што ја предводи СДСМ, но и од останатите партии да се обединат околу еден заеднички претседателски кандидат.

Претседателот на ДПТМ Бејџан Илјас изрази уверување дека СДСМ преку внатрепартиските разговори, но и преку преговорите со останатите парламентарни и вонпарламентарни партии ќе дојде до најдобриот кандидат за претседателските избори. Тој најави дека ДПТМ активно ќе се вклучи во предизборната кампања, особено за промоција на претседателскиот кандидат кај припадниците на турската етничка заедница.

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер