Средба Заев-Хан на Светски економски форум во Давос

Премиерот Зоран Заев, кој учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, денеска треба да оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, соопшти владината прес-служба.

Во делегацијата предводена од премиерот Заев се и заменик претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што соопшти Владата, премиерот Заев на форумот во Давос, на кој и оваа година учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот, ќе оствари повеќе работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници.

Меѓу средбите со политичките и економските лидери, во агендата на премиерот Заев се и состаноци со премиерот на Република Словенија Марјан Шарец, со министерот за здравство на Владата на Сојузна Република Германија Јенс Спан, со извршниот директор на Гогле Џигсоу, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум.

Шефот на македонската Влада ќе учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан", на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса", како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите.

Според најавата, вицепремиерот Анѓушев на маргините на Фоумот ќе има повеќе средби со претставници на бизниси и компании, а министерот за економија Бектеши, меѓудругото, ќе учествува на средбата на министрите коспонзори на Заедничката декларација за е-трговија.

Главната тема на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, кој секоја година ги собира најголемите и највлијателните светски лидери е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските опоравувања, иднината на работните места, и други теми. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер