Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка - Канал 5

Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Гувернерот Славески посочил дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. 

Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток, биле тема на разговор на првата официјална средба на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас.

Како што соопштија денеска од Банката особено внимание на средбата ѝ било посветено на улогата на централните банки во справувањето со инфлацијата.

-Притоа беше посочено дека и покрај успешното справување со инфлацијата во светски рамки, ризиците се присутни и понатаму. Променливоста на Светските пазари на примарни производи се соочуваат со зголемена променливост, под влијание на постојаните геополитички тензии. Ова е особено важен фактор за малите и отворени економии, како што е македонската, во кои голем дел од производите се увезуваат, а храната и енергијата имаат големо учество во вкупната потрошувачка, се вели во соопштението од Народната банка.

Гувернерот Славески посочил дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. Тој потенцира дека Народната банка, како и досега, внимателно ќе ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.

Славески и Рокас ја истакнале важноста од пристапувањето на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како стратегиски чекор за економска и финансиска конвергенција кон Европската Унија, коешто се очекува да има значајно влијание врз конкурентноста, финансиската вклученост и модернизацијата на домашниот финансиски систем.

На средбата било истакнато дека Народната банка остварува плодна соработка со Делегацијата на Европската Унија во спроведувањето на својата стратегиска ориентација и во процесот на усвојување на најдобрите практики и стандарди коишто сѐ повеќе ја приближуваат до Европскиот систем на централни банки, преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци.

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци, според кварталниот извештај објавен денес од Европската централна банка (ЕЦБ).

Побарувачката на корпорациите за кредити малку се зајакна помеѓу април и јуни, но сепак кредиторите отфрлија поголем дел од апликациите во сите категории на кредити, покажа анкетата на ЕЦБ на 159 големи банки од еврозоната.

Стандардите за кредитирање беа заострени за компаниите во повеќето сектори, како што се автомобилската индустрија и големите индустриски потрошувачи на енергија, објавија банките.

Резултатите од анкетата во голема мера се совпаѓаат со долгогодишниот став на ЕЦБ дека војната во Иран ќе дејствува како товар за економскиот раст; како голем увозник на енергија, еврозоната се соочува со намалена потрошувачка и еродирани приходи од производството поради порастот на цените на нафтата.

Според извештајот на ЕЦБ, главните фактори зад заострените услови за кредитирање повторно беа „перципираните ризици поврзани со економските изгледи и намалената толеранција на банките кон ризик“, при што се истакнува дека банките продолжуваат внимателно да ги следат ризиците поврзани со геополитичките случувања и состојбата на пазарот на енергенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање

Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем.

Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање

Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем, нов модел на финансирање на универзитетите и построги критериуми за избор на наставниот кадар. Заменик министерот за образование Дритон Сулејмани го образложи предлог решението кое треба да обезбеди и нов систем за обезбедување квалитет, со построги правила за акредитација и периодична евалуација на високообразовните установи, како и поголема отчетност во трошењето на јавните средства.

Уште на стартот, предлог-законот наиде на критики од опозицијата, која тврди дека наместо суштински реформи, предложените решенија отвораат нови проблеми и бара нивно повлекување или значителни измени преку амандманска расправа.

Предлог-законот веќе предизвика реакции во академската јавност. Дел од професорите ги поддржуваат повисоките стандарди, но предупредуваат дека критериумите за избор во звања би можеле да бидат тешко остварливи за одредени научни области. Забелешки има и за новиот модел на финансирање односно дека би можел да ги стави во понеповолна положба помалите факултети.

По расправата во матичната комисија за образование, наука и спорт, за пакетот реформски закони од високото образование ќе биде организирана јавна расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер