Средба Шекеринска – Столтенберг во Брисел

Голем ден за нас, покажавме храброст и затоа сме дел од министерскиот состанок на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Брисел, предофицијалниот министерски состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Шекеринска пред средбата изрази благодарност до генералниот секретар Столтенберг за искрената поддршка и личното залагање во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО.

„Чест ми е и привилегија за мене и за мојата земја да бидам тука, за прв пат на НАТО министерскиот состанок. Тоа е доказ дека политичката храброст се исплати, дека промените се можни дури и на Балканот, дури и во времиња како овие. Тоа е и доказ дека не постојат смрзнати проблеми, туку единствено смрзнати решенија. Ќе ми биде привилегија да седам веднаш покрај вас, и покрај останатите колеги министри за одбрана", рече министерката Шекеринска. Министерката изрази уверување дека ние можеме да го направиме нашиот регион подобар и постабилен и дека можеме да покажеме дека политиката на отворени врати на НАТО не се само зборови, туку реални дела и реална заложба.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг истакна дека му е голема чест што министерката Шекеринска денеска ќе учествува на министерскиот состанок во НАТО.

„Ова е голем момент за сите нас. Ние навистина го цениме прогресот кој го направивте, и без вашата лична посветеност, посветеноста на вашето лидерство и на вашата влада ние немаше да бидеме во можност да ве имаме тука, односно да ве поканиме на овој министерски состанок. Ова е еден голем ден и со нетрпение го очекувам денот кога ќе бидете наш полноправен член, штом заврши процесот на ратификација на пристапниот протокол кај сите 29 сојузници", рече генералниот секретар Столтенберг.

По состанокот со генералниот секретар, министерката Шекеринска ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО. На овој состанок местото за министерката е меѓу првиот човек на НАТО, Столтенберг и секретарот за одбрана на САД.

„Македонија по три децении битка за свое место во Алијансата, успева да седне на иста маса со сите членки, сојузници на Алијансата и ова е ден за гордост, не само за мене како прв министер за одбрана кој ќе ја има таа чест, туку и гордост за сите граѓани на нашата земја", порача министерката.

Во текот на денешниот ден, министерката се сретна со бугарскиот министер за одбрана, а ќе се сретне и со грчкиот, со турскиот, со белгискиот, со канадскиот и со британскиот министер за одбрана.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер