ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
МакедонијаСредба Николоски - Томас во ЛондонВо фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете држави.Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакнал потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство, соопшти Министерството за транспорт. -Обединетото Кралство е стратешки партнер и силен подржувач на Република Македонија во регионалниот развој. Оттука, како што потенцирал вицепремиерот Николоски, инвестициите од Обединетото Кралство имаат значаен удел во развој на македонската економија. Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата на која биле презентирани условите за инвестирање, се разговарало за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурата. Притоа потенцирано било дека Македонија се наоѓа во еден силен инвестициски циклус, особено во патната и железничката инфраструктура, како значаен сегмент во регионалниот развој. Вицепремиерот Николоски ги истакнал економските реформи и развојот на земјата, притоа ја нагласил можноста за воспоставување на нови стратешки партнерства меѓу Македонија и Обединетото Кралство во развој и реализација на регионални инфраструктурни проекти. На средбата биле потврдени и добрите политички односи меѓу двете земји. Делегацијата предводена од вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува работната посета на Обединетото Кралство, каде ќе се остварат низа средби со бизнис заедницата во Лондон, а во текот на утрешниот ден ќе се одржи средба и со Стефан Доти, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Посетата на Обединетото Кралство, како што се наведува во соопштението, е во рамките на владините политики за зацврстување на стратешките односи меѓу двете земји и можноста за зголемување на економската и трговска соработка. Во структурата на надворешната трговска размена, Обединетото Кралство е рангирано на второ место на листата земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter