Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge” - Канал 5

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на победничката екипа на Седмиот национален натпревар „First Lego League Challenge“.  

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Победничкиот тим „The NOOBS - New Original Operational Best Students“ го сочинуваа: Петар Копачев, Синиша Шиповиќ, Бодан Николов, Тео Ваљак Трпчевски, Ноа Петковски, Бисера Стојановска, Ален Атанасов, Иван Скалов, Ведран Анастасовски. Во нивна придружба беа Васка Мадиќ и Гордан Анастасов, како претставници на Академијата за роботика и иновации.

Честитајќи им ја маестралната победа и директниот пласман на светското првенство во САД – Florida Sunshine Invitational 2025, претседателката изрази особено задоволство што ќе се дружи со толку млади, а толку умни деца.

Децата го презентираа своето иновативно победничко решение – мултифункционален робот којшто надграден, може да извршува важни мисии: да ги чисти океаните или да ги храни китовите. Тие ја информираа дека изработиле и подморница од титаниум со посебни акрилни светла за истражување на океаните.

Импресионирана од изумот, но и од страста и занесот со којшто ја објаснуваа неговата функција, претседателката истакна дека: „Кога нешто се работи со љубов, кога е плод на знаење, ум, труд и посветеност, а особено на тимска работа и взаемна почит, успехот е неизбежен.“ Таа потенцираше дека ова признание има посебна тежина и значење со оглед на тоа што “First Lego League Challenge” е заштитен од УНЕСКО.

„Вие сте идните научници, математичари и инженери, вие сте носители на прогресот, весници на иднината“, рече претседателката.

Менторите од Академијата за роботика и иновации посочија дека при рангирањето на тимовите биле земени предвид и сплотеноста на децата и способноста за тимска работа.

Посакувајќи им успех на претстојниот натпревар во САД, што ќе се одржи од 24 до 28 јуни, претседателката изрази доверба и поддршка на нивната работа и укажа на потребата од вложување во талентирани деца како нив. Таа додаде дека нема подобра инвестиција од онаа во образованието и науката, а STEM областите се огромна можност младите да ги покажат и докажат своите способности и својот талент, а својата имагинација да ја преточат во импресивни дела.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер