Средба на претседателот на Собранието , Талат Џафери со Калин Попеску Таричану, претседател на Сенатот на Романија

По ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата во Сенатот на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари високи билатерални средби .

Првата средба беше со Претседателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску Таричану.

Домаќинот му посака топло добредојде на претседателот Џафери и воедно упати честитки до Република Северна Македонија за напредокот и заокружените рефорсмки процеси. Тој истакна дека денешната едногласна одлука на Сенатот за поддршка на членството на нашата земја во алијансата уште еднаш ја потврдува силната заложба на Романија, Република Северна Македонија да стане полноправен член на Алијанса и да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, особено за време на претседавањето со Советот на ЕУ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, искажа благодарност за поддршката од Сенатот на Романија, која поддршка денес се запечати со едногласното гласање за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО. Тој подвлече дека Република Северна Македонија ја смета Романија за пријателска земја која може да придонесе во размена на искуства и експертиза во однос на одговорностите кон НАТО како земја членка, и во однос на процесот за отпочнување на преговорите со ЕУ.

На средбата пак со потпретседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Романија, Флорин Јордаке, особено внимание се посвети на зајакнувањето на билатералната и мултилатералната соработка меѓу Романија и Република Северна Македонија. Потпретседателот Јордаке истакна дека, средбата ја гледа како поттик за понатамошен развој на меѓупарламентарната соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со висок степен на пријателство и конструктивен дијалог. Претседателот Џафери подвлече дека одличната соработка меѓу двата парламенти треба да продолжи и во иднина и истакна дека секогаш постои простор за интензивирање на комуникацијата и соработката, посебно на ниво на Пратеничките групи за соработка во двата парламенти. Тој се заблагодари за поддршката што ја добиваме од Романија и го информираше потпретседателот Јордаке за ратификацијата на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас-медиумите, младите и спортот во Собранието на Република Северна Македонија.

За време на средбите, од романска страна присуствуваше и пратеничката во романскиот парламент со македонско потекло, Маријана Венера Попеску.

Џафери упати покана до домаќините за возвратна посета на Република Северна Македонија.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер