Средба на претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски и директорот на АМС Спасески - Канал 5

Средба на претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски и директорот на АМС Спасески

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски денеска во „Куќата на фудбалот“ оствари работна средба со директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасески.

Средба на претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски и директорот на АМС Спасески
Првиот човек на македонскиот фудбал на средбата истакнал дека соработката со државното тело за спорт мора да биде на високо ниво кога се во прашање важни проекти со цел подобра и поквалитетна реализиција на истите, а еден од проктите на кој се посветува посебно внимание е фудбалската Академија на ФФМ.

- Агенцијата за млади и спорт е наш партнер, заеднички преку фудбалската Акедамија ја поставуваме базата за развој на младинскиот фудбал. Правиме големи напори да го реализираме проектот фудбалска Академија на вистински начин и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина. Сите ние работиме за иста работа, посветени да постигнеме успех, јас се надевам дека и младите фудбалери во академијата преку наставната програма ги делат истите цели. Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој и поддршката од АМС сметам дека овие млади луѓе имаат неповторлива шанса да успеат во фудбалот, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт пак истакнал дека институциите кои ги водат се способни да ги поддржат важните проекти во македонскиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории.


- Потврда за добрата работа која ја прави ФФМ е фудбалската Академија, обезбедуваат одлични услови, а во периодот и прв пат се на меѓународен турнир во Кипар. Ако ја поделиме одговорноста и бидеме фокусирани на проектите, сигурни сме дека можеме да осигураме убава иднина на нашиот спорт, а посебно за најмладите фудбалери. Пријателството и меѓусебната доверба која ја стекнуваат младите играчи е веројатно најголемата добивка од овој тип проекти, се надевам дека и тие ја сфаќаат сериозноста на активностите. Би биле среќни кога во блиска иднина би биле конкуренција и за сениорската репрезентација, изјави Спасески.

Како што соопшти Агенцијата за Млади и спорт, претседателот на ФФМ го презентирал и проектот за реконструкција на еден од терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

ФФМ веќе започна со реконструкција на еден од двата терени со природна трева. Реконструираниот стадион е предвидено да ги исполни стандардите од категоријата 2 на УЕФА, а тоа значи дека ќе ги исполнува критериумите за одигрување официјални натпревари на младинските национални репрезентации, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година, а исто така би можеле да се одигруваат и натпревари од предквалификациите на УЕФА за европските купови. Новиот стадион ќе има капацитет од 1500 гледачи, ќе се изградат нова трибина, нови соблекувални, простории и канцеларии за официјални лица, модерен фитнес центар и простор за официјалните гости и странски делегации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер